Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
17.10.2012, 00:13
Јаневски: Големата желба и борбеност ни донесоа победа



Македонскиот селектор не го криеше задоволството по големиот триумф над Србија, прв за нашата репрезентација во квалификациите за СП 2014

„Им честитам на фудбалерите што им приредија убава вечер на македонските навивачи. Не бевме комплетни, но оние што се појавија на теренот одиграа храбро, го дадоа максимумот и дадоа огромен придонес во оваа победа. Не станува збор за казна на оние што играа против Хрватска, јас повикав 23 фудбалери и имам доверба во секој од нив, да помогне кога тоа ќе биде потребно како што тоа беше случај вечерва. Задоволен сум што победивме, но и што покажавме дека во Македонија нема недопирливи репрезентативци“, изјави Јаневски на прес-конференцијата по натпреварот.

Кормиларот на националниот тим одби да навлезе во причините зошто Горан Попов и Стевица Ристиќ беа отстранети од репрезентацијата само неколку часа пред почетокот на овој натпревар.

„Двајцата фудбалери ја нарушија дисциплината за која што толку се залагавме и се договаравме, затоа не беа во составот“ – кратко изјави Јаневски, не давајќи најава дали ќе смета на овие играчи за следните квалификациски натпревари.

Српскиот селектор Синиша Михајловиќ и понатаму верува дека неговата репрезентација ќе избори пласман за СП 2014.

„Знаевме дека ќе биде израмнето во првиот дел, но не игравме како што мислевме. Македонија нее' доби со кратки подавања, затоа што бевме распоредени многу широко. Се чекаше еден тим да тргне и второто полувреме за нас беше подобро. Но, дојде пеналот и црвениот картон за Томовиќ. Можеби и ќе беше поинаку да останавме со единаесетмина. Имавме две шанси потоа, но… Не ме изненади селекторот Јаневски, го знаевме тимот. Сега имаме четири бода, шест помалку од Хрватска и Белгија, уште шест меча и додека имаме математички шанси сме во игра. Сега е потешко, не е мој карактер да се предавам и нема да се предадам. Тешко е и за двете селекции, има уште за играње и се е можно, се може да се случи до крајот“, изјави Михајловиќ.

Михајловиќ застана во одбрана на дефанзивецот Томовиќ, кој го направи пеналот врз Хасани и заслужено доби црвен картон. Интересно е што токму Томовиќ беше изненадувањето на Михајловиќ во составот за овој меч, заземајќи го местото на досега незаменливиот Бане Ивановиќ, со кого селекторот беше во конфликт по поразот од Белгија.

„Не треба да се обвинува Томовиќ, тој играше одлично до црвениот картон. Одигравме добар меч, но се соочивме со проблем кога останавме со фудбалер помалку. Играчите дадоа се од себе за да постигнат израмнувачки гол, но за жал не успеаја во тоа“, рече Михајловиќ, врз кого расте притисокот да си поднесе оставка откако освои само четири бода по првите четири одиграни средби во овие квалификации.








Статијата е прочитана 1916 пати.

Испрати коментар



Победа за Металург и пораз за Вардар Про во Сеха лигата
Тепачки, хулиганство, насилство пред и по натпреварот со Србија
Камерон бара остри казни за Србија
Самба во Вроцлав
Швеѓаните од 0:4 до 4:4!
(ФОТО) Ибраими ја донесе првата квалификациска победа
Работнички потпиша со Шарпер
Надал се враќа за Австралија опен
МВР - Мечот Македонија - Србија е од висок ризик
Фетел не размислува за Ферари
Ќе бидат повлечени тужбите против француските ракометари?
Јапонија реагира за нуклеарната шега
Победата над Србија императив
Фетел во Ферари до 2014 година
Реал Мадрид три месеци без Марсело
Михајловиќ - Македонија опасна и без Пандев
Димитров сениорски првак на Македонија
Протест од Златна зора до ФИБА за Македонија
Српски хулигани најавуваат тепачки пред натпреварот Македонија - Србија
Хет-трик на Металург во Лигата на шампионите
Торп се соочувал со убиствена депресија
Втор пораз на МЗТ Скопје во АБА лигата
Фетел триумфираше во Кореја
Вардар Про убедлив во ЕХФ Купот
(ФОТО) Наивен пораз на Македонија од Хрватска

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (28)
Јованка е загрижена: „Ќе ме растргнат по смртта на Тито“! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Во пет вечери, од 19 до 23 октомври, со полноќна програма, на Џез-фестивалот гостуваат значајни имиња од САД, Јужна Амер...
Глупоста и глупирањето станаа ценета форма на живеење
Инаетот ми е голем и нема лесно да им го отстапам местото на медиокритетите“, вели Кокан Димушевски, композитор, клавија...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |