16.10.2012, 14:39 Со ОНЕ може да зборувате по телефон и во авион
Од утре сите корисници на мобилната телефонија и мобилниот Интернет на ОНЕ ќе имаат можност да зборуваат, испраќаат СМС-пораки и да сурфаат на Интернет и кога се во авион.
Оваа можност е резултат на договорот што компанијата ОНЕ го склучи со „Аеромобиле -Сателлите нетворк“ од Норвешка за комерцијален роаминг, но и ГПРС и ММС роаминг во дел од авионите на „Емиратес“, „Малезија Ерлајнс, „Вирџин Атлантик“, „Трансаеро Русија“ и „Гулф ер“. Овој сервис наскоро ќе биде можен и во „Луфтханса“, „Туркиш Ерлајнс“, „Вирџин Австралија“, САС, „Пацифик и „Драгон ер“.
Цената за повик изнесува 188 денари за една минута, за СМС порака 55 ден, а за Интернет изнесува 1.008 денари за мегабајт. (Ек.Р.)
|