15.10.2012, 11:48 Баумгартнер: Почувствував голем притисок во главата
Екстремниот спортист Феликс Баумгартнер изјави дека во текот на слободниот пад од стратосферата кога го проби звучниот ѕид, ништо не чувствувал.
- Тешко е тоа да се опише, затоа што ништо не почуствував, рече Баумгартен пред новинарите, по прашањето да го опише чувството на патувањето со брзина од 1.342 километри на час.
- Без референтни точки, „не знаете колку брзо патувате“, рече 43-годишниот Австриец.
Тој, меѓутоа, рече дека почуствувал голем притисок во главата во еден момент на летот, при ротирањето.
Австрискиот екстремен спортист Феликс Баумгартнер со својот ској од стратосферата собори дури три рекорди.
Брајан Атлеј од Меѓународната аеронаутична федерација (ФАИ) кој се занимава со запишувањето на рекорди во воздухопловството, рече на прес-конференцијата дека Австриецот бил во слободно паѓање со брзина од 373 метри во секунда и дека со тоа достигнал брзина од 1.342.8 киломтери на час.
Баумгартнер како прв човек во слободно паѓање го проби звучниот ѕид достигнувајќи брзина од 1,24 маха.
Вториот рекорд кој Баумгарнер, според првите податоци е скокот со најголема височина од 39.945 метри.
Третиот светски рекорд е поставен кога 43-годишниот Австриец бил во најдолго слободно паѓање без стабилизирачки падобран. Тој се наоѓал во слободно паѓање на 36.500 метри и вкупно 4 минути и 20 секунди.
Досегашниот рекорд на Џо Китингер беше 4 минути и 36 секунди, но тој тогаш носеше стабилизирачки падобран кој автоматски го продолжува слободното паѓање.
Додека овие рекорди бидат признаени ќе помине некое време, затоа што Баумгартнер е Австриец, па податоците прво ќе бидат предадени на австриските власти, кои потоа ќе ги вратат во САД.
|