Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.10.2012, 17:33

Груевски убеден во победа на локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ констатира дека на СДСМ му оди тешко потрагата по кандидат за градоначалник на Скопје

„ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе победи на наредните локални избори“, уверен е претседателот на партијата и премиер, Никола Груевски. Задоволен од тоа што го сработиле вмровските градоначалници, од посветеноста и чесноста во работењето, Груевски не се чудел што на СДСМ му требало толку време за да најде кандидат за градоначалник на Скопје.

„Кога шетам низ проширените нови булевари, кога ги гледам новите паркови, новите објекти, административни згради, новите работи што Скопје го направија многу поубав и вистинска метропола, сфаќам зошто СДСМ толку време не може да избере кандидат за градоначалник на Скопје. И кога гледам колку нови луѓе ни се приклучуваат во ВМРО-ДПМНЕ, квалитетни луѓе од сите општествени слоеви и социјални групи, и колку масовно приоѓаат кон нас, пред се' заради тоа што го правевме, заради нашиот труд, енергија, дела и резултати, сфаќам и зошто во СДСМ практично не само што не можат да изберат кој да биде кандидат за градоначалник, туку имаат сериозен проблем, затоа што секојдневно се караат меѓу себе кој да не биде“, рече Груевски на денешниот собир во хотел „Континентал“, каде што им беа поделени книшките на новите партиски членови, со што бројката во Скопје се искачила на 40 илјади.

Тој посочи на статистиката на „Гугл“, според која заинтересираноста на странските туристи за Македонија, особено за Скопје денес е зголемена за 600-тини пати во споредба со 2006 година.

„Тоа говори дека работата на градоначалниците во Скопје, на чело со Коце Трајановски, дава резултати и Скопје го прави многу поинтересен и попривлечен град, како за туристите така и за неговите жители“, анализира премиерот.

Во преполната сала на хотелот, каде што озвучувањето беше толку слабо, па поголемиот дел од гостите не можеа да ги слушнат говорниците, беа градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, Ивица Коневски од Аеродром, кој е и претседател на Градскиот комитет, независниот Владимир Тодоровиќ од Центар, повратникот Марјан Додовски...

„Градот Скопје е ВМРО-вски град. Градоначалникот на градот и уште шест од 10 општини имаат градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не е случајно, туку е плод на добриот избор за градоначалници во 2005 и 2009 година, на добрите програми, но уште повеќе на реализацијата на тие програми“, посочи Трајановски.

Според Коневски, токму реализираните проекти придонесоа граѓаните да ја препознаат вистинската опци��а, и масовно да и' пристапуваат на партијата. „Членството во ВМРО-ДПМНЕ не претставува борба и залагање за сопствени интереси. Членството во нашата партија претставува борба за идеи, за концепти ставени во интерес на граѓаните. Вратите се постојано отворени за сите луѓе. Ние сме партија на обичниот граѓанин“. порача Коневски.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема абер од промоција на кандидати

„Груевски заборава дека е претседател на партија која абер нема од промоција на своите кандидати за градоначалници. Не можат да најдат кадри ни со наводниот ‘бран‘, ниту пак преку конкурс“, возвратија од СДСМ на „пецкањето“ од Груевски.

Од СДСМ сметаат дека Груевски ја продолжува праксата со „силење“ пред своите да се обидува да го амортизира опаднатиот морал кај партиските војници на ВМРО ДПМНЕ.

„Очекувавме премиерот да и' соопшти на јавноста дали по менувањето на таблите на училиштата во Чаир, и споменикот на Хасан Приштина во Чаир е дел од новиот пазар со својот коалициски партнер ДУИ“, прашаа од опозициската партија. Оттаму укажуваат дека нивниот кандидат за градоначалник на Скопје ќе биде промовиран на 28 октомври, на големиот митинг на плоштадот „Македонија“. (Г.А.)


Статијата е прочитана 1716 пати.

Испрати коментар



Грција не сака Брисел да се вмеша во спорот
ВМРО-ДПМНЕ молчи за Хасан Приштина
Опозицијата бара став од премиерот за „раната фаза“
Во Македонија сите се различно сиромашни
СДСМ против отпуштање без предупредување
(ФОТО) Двајца повредени во масовна тепачка пред „Мавровка“
Велија Рамковски наскоро пред Апелацискиот суд
Во август сме имале помалку туристи
Со ОНЕ може да зборувате по телефон и во авион
Скопјанец преживеал удар од воз
Само четворица од Македонија добиле азил во Шведска
Ослободителна пресуда за Ѓорѓи Тренковски
Визите ќе го уништат европскиот сон на Западниот Балкан
Молотов коктел запали две возила во Бутел
Kампања за помош на сиромашните и гладните
„Борис Трајковски“ доби акустика по светски стандарди
Николиќ - Ако го побараат Косово, не сакаме во ЕУ
Контејнерите ќе се заменат со нови пластични
Германски компании заинтересирани за инвестирање во енергетскиот сектор
Од идната година МЕПСО ќе отвори пазар на струја
Радован Караџиќ бара награда за мир
Куба ги укина излезните визи
Почнува ТЕХНОМА 2012
Бројот на гладни во светот на високо ниво
Хилари Клинтон презема одговорност за настаните во Бенгази
Изборите во САД може да завршат нерешено?
Локално невреме со пороен дожд и ветер
Пет години без Тоше
Собрани 60 илјади кубни метри отпад
Референдумот за независност на Шкотска стана реалност
Ахмети - Не сме разговарале за предвремени избори во март
Американците Рот и Шапли добитници на Нобеловата награда за економија
Протестираа вработените во ОХИС
(ФОТО) И театарот ги доби првите скулптури
(ФОТО) Македонија шефува со регионот
Промовирана платформа за енергетска ефикасност
Пет лица загинаа во „сомнителен“ пожар во Англија
Утре започнува саемот ТЕХНОМА
СДСМ - Грчкиот меморандум неприфатлив за Македонија
Само седум фирми имаат ХАЛАЛ сертификат
Жените земјоделки бараат учество во аграрната политика
ВМРО-ДПМНЕ го повлече законот за бранители
Санино - Визната либерализација важи ако не се злоупотребува
Црвенковски - Почетокот на преговорите ќе влијае позитивно на реформите
Беровчанец се обеси, Тетовчанка се застрела
Лавров - Не се нарушени руско-турските односи
Почина новинарот Хисен Шаќири
Белгија се` поблиску до распад
Одложена седницата на Комисијата за труд и социјала
Од денеска почнува грејната сезона
Баумгартнер - Почувствував голем притисок во главата
Почина поранешниот крал на Камбоџа Нородом Сиханук
Литванско „не“ за нова нуклеарка
Шкотска на чекор до референдум за независност
Покрај санкциите расте американскиот извоз во Иран
Опозиционерот Али Зејдан е новиот премиер на Либија
Коалицијата на Ѓукановиќ победи на изборите во Црна Гора
(ФОТО+ВИДЕО) Баумгартнер успешно скокна од работ на вселената!
Невладини организации го обвинија Ристовски за хомофобија
Сарачини - ЕК генерално со позитивни оценки за економијата
Се засилуваат заканите за враќање на визите
Минималната плата да биде 15.000 денари



Prvo skok, posle op!, 14.10.2012 19:20:28
Branko bil aroganten ??? Pa so ovie narcisi i ne moze se drugachie. Inache kandidati za gradonachalnik na Skopje ima premnogu, kako od SDSM, taka i od drugite partii i nezavisni kandidati, koi i te kako bi ja posakale podrshkata na SDSM, vkljuchitelno i dpmne-ovcite. Se gledame vo Mart!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Претежно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Среда
Сончево
Макс: 25°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Триумф на човековиот дух
Зоран Иванов, познат новинар, а порано падобрански ас, вели дека технологијата го овозможила скокот на Баумгартнер, но н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |