15.10.2012, 14:32 Утре започнува саемот ТЕХНОМА
Саемската манифестација ТЕХНОМА 2012, која ги обединува претставниците на најголемите домашни, но и странски производители во областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, неметалите, градежништвото, обезбедување и заштита, се одржува од утре до 20 октомври. ТЕХНОМА важи за важен промотор на развојот на индустриското стопанство во регионот, кој повеќе од три децении го следи напредокот на најновите достигнувања во областа на технологијата и ја интензивира меѓународната размена. На саемот ќе учествуваат 600 компании од земјава и од странство. (Ек.Р.) |