(ФОТО+ВИДЕО) Баумгартнер успешно скокна од работ на вселената!
После само четиринаесет секунди го проби звучниот ѕид, а по петминутниот лет безбедно се спушти на Земјата
Австрискиот авантурист Феликс Баумгартнер (43) успешно го изведе историскиот потег - скок „од работ на вселената", односно скокна од висина од дури 39 километри, и со тоа го урна рекордот во скок од најголема висина, а најверојатно и оној за најголема брзина остварена во слободен пад.
Во 20:07 часот, Баумгартнер скокна кон Земјата од височина од 39 068 метри. После само четиринаесет секунди го проби звучниот ѕид, а по петминутниот лет безбедно се спушти на Земјата.
Набрзо по пробивањето на звучниот ѕид, при брзина од 1.000 километри на час, Австриецот започнал неконтролирано да се врти, но после неколку мигови успеал да го стабилизира летот и и довикнал на командата дека е добро. Уследиле аплауз и одушевување и слободниот пад кон земјата е продолжен.
Баумгартнер, исто така го урна рекордот во најголем лет со балон со човечка посада, но не успеа да го урне оној за најдолг слободен пад зошто падобранот му се отворил по четири минути и 20 секунди. Се уште не е потврдено дали при слободниот пад го пробил звучниот ѕид и дали го урнал брзинскиот рекорд.
Слетал нешто поисточно од Росвел во Ново Мексико. Враќањето на Земјата траело 10 минути.
Баумгартнер до потребната висина се качил во капсула прицврстена на огромен хелиумски балон. Качувањето до стратосферата траел нешто помалку од два и пол часа.
Скокот директно го пренесувала мрежната станица www.redbullstratos.com, со помош на 35 камери на земјата и во воздух, а некои од нив биле прицврстени за оделото на Баумгартнер.
Досегашниот рекорд од овој вид го држеше Џозеф Китингер, кој во 1960 година скокна од висина од 31.300 метри. Китингер, кој денес има 83 години, беше дел од екипата на Ред Бул Стратос и од контролната мисија го следеше и бодреше Баумгартнер. Тој сеуште го држи рекордот во најдолг слободен пад.
Баумгартнеровите рекорди ќе имаат неслужбен статус додека не ги потврди Меѓународниот аеронаутички сојуз.
Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“