15.10.2012, 10:16 Почина поранешниот крал на Камбоџа Нородом Сиханук
Поранешниот крал на Камбоџа Нородом Сиханук почина утринава во Кина на 89-годишна возраст.
Сиханук никогаш не престана да работи за зачувување на единството на Камбоџа, која мина низ граѓанска војна.
Во текот на својот живот, поранешниот крал беше двапати протеруван и двапати се враќаше на тронот на Камбоџа.
Нородом Сиханук на престолот дојде на 18-годишна возраст во 1941 година, а неочекувано абдицира во 2004 година. Кралот зад себе има шест брака и 14 деца.
Сиханук има извршувано неколку различни политички функции, вклучително два кралски мандати, два мандати како принц, еден како претседател, два како премиер, еден како неименуван лидер на Камбоџа и неколку позиции на властите во егзил.
Последните години од својот живот ги мина во борба со тумор и дијабетис, најчесто лекувајќи се во Кина, каде и почина. |