16.10.2012, 10:15 Романот „Татковите книги” на академик Старова објавен во Америка
Во САД беше објавен неговиот роман „Татковите книги”, а наскоро на англиски јазик ќе се појават и романите „Времето на козите” и „Патот на јагулите”
Романот „Татковите книги” од академик Луан Старова деновиве е објавен од познатиот американски издавач „Јуниверсити Висконсин прес“, а наскоро тој ќе објави уште два романа на Старова - „Времето на козите” и „Патот на јагулите”. Преводот од англиски јазик е на Кристина Крамер.
- Објавувањето на опусот на Луан Старова во Америка почна по големиот успех што неговите романи го постигнаа во земјите на Европа. Неговите дела се преведени на голем број јазици, со толкувачки текстови на критичари и есеисти од форматот на Едгар Морен, Леон Сомвил, Морис Друон и Ерик Фај. Романот „Времето на козите” досега е преведен во 14 европски земји, соопшти Здружението за уметност и култура „Дијалог”.
Здружението наскоро ќе ги објави романите „Тврдина од пепел” и „Ервехе” во рамки на проектот Избрани дела од Луан Старова во 12 тома. |