Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
14.10.2012, 16:41

„Работниците умираат пеејќи“ гостува во Скопје

Преставата, која е годинашен апсолутен победник на фестивалот „Стеријино позорје“, ќе биде одиграна на 17 октомври на сцената на МНТ со почеток во 20 часот

Театарската претстава „Работниците умираат пеејќи“, која е годинашен, апсолутен победник на фестивалот „Стеријино позорје“ во Нови Сад, ќе биде одиграна на 17 октомври на сцената на МНТ со почеток во 20 часот.

Претставата е копродукција меѓу фондот „Хартефакт“ и театарот „Битеф“ од Белград, а е работена според драмата на Олга Димитриевиќ, победничка на конкурсот на „Хартефакт“ за најдобар современ општествено ангажиран текст за 2010 година. Режисер е Анѓелка Николиќ, а ќе настапат актерите: Милан Ковачевиќ, Игор Бороевиќ, Марија Бергам, Марија Миленковиќ и други. Кореограф е Далија Аќин, а композитор на музиката Дарко Аџиќ.

Претставата минатата година премиерно е одиграна на матичната сцена на театарот „Битеф“ во Белград, била дел и од „Фестивалот на малите сцени“ во Кикинда каде што Анѓелка Николиќ е наградена за режија. На фестивалот „Стериино позорје“ добила шест „Стериини награди“, а гостувала на почетокот на октомври и на фестивалот „МЕСС“ во Сараево и на „Јоакиминтерфест“ во Крагуевац.

„Работниците умираат пеејќи“ преку брехтовскиот театарски израз дава поглед кон мачните промени што ги донесе долгогодишната транзиција.

Според драмската писателка Билјана Србљановиќ, која и била дел од жирито што одлучувал за наградениот текст на Димитриевиќ, вели дека овој целовечерен експресионистички социјално ангажиран мјузикл, на уметнички, филозофски и социјално освестен начин ја обработува темата на страдањата на најзагрозената општествена класа. Авторката на текстот, пак, изјавила дека работничката класа во Србија е несвесна за фактот дека е класа. „Национализмот е тој кој директно работи на подривање на таа свест, бидејќи национализмот секогаш инсистира на некакво фантомско ’ние’, и вели дека сите тие ’ние’ имаме исти интереси: и политичката елита, и работниците, и жените, и уметниците. Тоа едноставно не е точно бидејќи на крајот на денот многу добро се гледа нееднаквата дистрибуција на моќта, власта и капиталот во општеството“, рекла таа. Гостувањето на претставата во Скопје е во организација на регионалната платформа за активизам „Лице в лице“, што ја спроведува Центарот за медиумски активности (ЦМА). Од неодамна, како дел од платформата, излезе првиот број на македонското издание на списанието „Лице в лице“, кое во Србија излегува веќе г��дина и пол, а во подготовка е и магазин кој ќе излегува во Косово и во Босна и Херцеговина. Списанието го продаваат најранливите категории луѓе во општеството. Половина од продажната цена е наменета директно за нив, додека втората половина е за активности кои им помагаат и за градење на системот кој ќе им овозможи полесна инклузија во општеството.


Статијата е прочитана 374 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Дуо Стефановс��и гостува во Софија
(ФОТО) Во Тајван отворен картонски ресторан
Романот „Татковите книги” на академик Старова објавен во Америка
Bеле Смилевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поемa
(ФОТО) Македонска невеста на сајтот на светски познатата дизајнерка Меги Сотеро
(ФОТО) Кој е Феликс Баумгартнер, човекот кој го восхити светот
„Адам од Говрлево“ во Цанкарјев дом
Почина фронтменот на КУД „Идиоти“
(ФОТО) Награда за животно дело за Кенго Кума
Молитвено чествување за Тоше Проески

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Претежно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Среда
Сончево
Макс: 25°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Триумф на човековиот дух
Зоран Иванов, познат новинар, а порано падобрански ас, вели дека технологијата го овозможила скокот на Баумгартнер, но н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |