16.10.2012, 11:00 Куба ги укина излезните визи
Кубанските власти соопштија дека ги укинуваат излезните визи за граѓаните, кои сакаат да патуваат во странство.
Според државните медиуми, мерката ќе стапи во сила на 14 јануари идната година.
Во моментот жителите на Куба треба да минат низ долг и скап процес за да добијат дозвола за излез од државата. Со новите мерки за патување во странство ќе им биде потребен само валиден пасош.
Владата исто така го зголеми рокот за одобрен престој во странство од 11 на 24 месеци. |