15.10.2012, 12:54 Лавров: Не се нарушени руско-турските односи
Инцидентот со сирискиот авион, што беше принуден да слета во Анкара минатата недела, на ниеден начин нема да се одрази на перспективите на руско-турските односи, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
- Ве уверувам дека никој не треба да се вознемирува за состојбата на руско-турските односи, потенцира синоќа Лавров.
Тој посочи дека товарот на авионот бил од Русија и бил наменет за Сирија.
- Тоа беше легален товар и законски беше транспортиран, наведе рускиот министер за надворешни работи.
Според турските власти авионот кој летал од Москва за Дамаск пренесувал руска муниција и оружје за сириското Министерство за одбрана.
|