16.10.2012, 13:58 Ослободителна пресуда за Ѓорѓи Тренковски
Екс-директорот на ФЗОМ и Весна Огненовска, управителка на ПЗУ „Градска аптека“ се ослободени од обвинувањата за злоупотреби
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1- Скопје донесе ослободителна пресуда за поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ѓорѓи Тренковски и за управителката на ПЗУ „Градска аптека“, Весна Огненовска. Двајцата уште во ноември 2009 година беа обвинети за несовесно работење и за злоупотреба на службената положба.
„Постапката беше водена максимално коректно, а за тоа е заслужен судија Драган Николовски кој дозволи и на обвинителството и на одбраната да ги изнесат своите аргументи, а крајниот резултат е ослободителна пресуда за двајцата обвинети“, вели адвокатката Татјана Поповска.
Таа додава дека и вештиот наод потврдил дека Тренковски не вршел плаќања и дека воопшто немало двојно плаќање како што тоа го тврдеше Обвинителството. Бранителката на Тренковски не може да каже дали нејзиниот штитеник ќе бара надомест за деновите кои што тој ги минал во притвор. Поповска вели дека за неа во моментов е најважно што ја докажале невиноста на нејзиниот клиент, а за евентуалниот надомест одлуката е на самиот Тренковски.
„Задоволен сум од одлуката на судот. Таа може да значи дека постои надеж за македонското судство“, вели скопскиот адвокат Еленко Миланов, бранител на управителката на ПЗУ „Градска аптека“, Весна Огненовска.
Поранешниот директор на ФЗОМ беше обвинет дека, во содејство со Огненовска, во текот на 2007 година, со несовесното работење два пати платил за исти испорачани лекови. Прв пат исплатата се случила уште пред приватизацијата на „Градска аптека“, а кога таа била приватизарана. Обвинителствто тврдеше дека со двојното плаќање Тренковски им овозможил на ПЗУ „Градска аптека“ да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од над 450.000 евра за колку што бил оштетен Буџетот. Освен обвинувањата на сметка на Тренковски и Огненовска, судот на предлог на Јавното обвинителство, одреди 15 дневен притвор за двајцата осомниечни. Финиширањето на судска постапка доаѓа по цели две години. (Љ.С.)
|
|
Статијата е прочитана 1462 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Јордан Јовановски, 16.10.2012 15:38:24 | Можам само да му честитам на судијата.Тоа е инцидентна потврда дека и во судството, за жал за разлика од скопската единица и тие над нив, има уште по некој судија со интегритет, професионалност итн. име и презиме. Таков судија во нашиот правосуден систем, ме потсетува на тоа дека првин ќе сретнеш северна мечка како пие вода во фонтаната на АЦО наш, од колку судија што ќе донесе контра пресуда на НАРАЧАТЕЛОТ! А за двете жртви, тешко на нив за овие две години, немам зборови... |
| zrak, 16.10.2012 15:56:58 | aj sega bidi pameten i presudi koj sudija pogresil,dali nekogas ke ima sud i za golemite kriminalci i za sudite koj sudat od krajnos vo druga krajnos.......... |
| mile, 16.10.2012 17:04:08 | Е ајде сега де, најди му го крајот?????? Ако биле невини, кој ќе им плати за овие 2 години тормозење???????? Да не излезе вечевра Бициклистичкион на Пресс да каже: Бранко е крив ??? |
| ФЕЛИКС, 16.10.2012 17:54:57 | Ако повисокиот суд при евентуална жалба ја потврди ослободителната пресуда,тогаш поднесувачите на обвинителниот акт треба да сносат консеквенци.Од финансиска гледна точка да се надоместат маките на обвинетите кој траеја скоро 3год. и одговорност за по мене злонамерната тужба.Независно дали по директива или од партиска завидливост што некој бил успешен раководител.За поединечна одговорност на крајот на краиштата не очекувам дека ќе има разврска,оти кој знае кој се по вертикала бил вмешан во партиската пресметка.Но финансискиот надоместок ќе ги покрие колку-толку страданијата,иако и тие се недонаместливи во потполност.Многу поважно е да се врати дигнитетот на неоправдано обвинетите. |
| Mnogu milozlivi sudovi, 17.10.2012 00:25:04 | Ne navleguvam vo faktite na cija osnova e donesena osloboditelna presuda i verojatno Sudot donesol pravilna odluka, no me zacuduva kaj nas vo Makedonija. Skoro nikoj od ovie krupni aferi za kriminal i korupcija, osven za onaj kumanovski mnafioz i onaj proces za Smilenski,ili nemaat zavrsnica ili poradi n edostatok na dokazi se oslobodeni.Eve setete se na Zmisko oko, pa guvernerot za ostetuvanje na drzavata so Smilenski za 60 miliona odlari, pa tenkovski delovi pa slucajot so eks ministerot vo MO koj ne znael deka firmata na koja i MO i prevelo 3,5 mil DM bila na negoviot test i badjanak i uste mnogu drugi |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 7°C
Ведро
|
Четврток
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
|
Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (28)Јованка е загрижена: „Ќе ме растргнат по смртта на Тито“! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|