Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
15.10.2012, 12:27

Белгија се` поблиску до распад

Успехот на фламанските сепаратисти на локалните избори во Белгија нема да има непосредни последици за функционирањето на кралството, но претставува чекор поблизу кон поделба, сметаат белгиски аналитичари.

„Белгија се исплаши“, гласи насловната страница на бриселски „Соар“, ден откако сепаратистистот Барт Де Вевер однесе надмоќна победа во Антверпен и неколку други градови во Фландрија.

Де Вевер и неговата Нова фламанска алијанса (Н-ВА) отворено се залагаат за одвојување на богатата Фландрија од помалата, сиромашна Валонија во која се зборува француски. Идниот градоначалник на најпросперитетниот град во Белгија веднаш му порача на сојузниот премиер, социјалистот Елио ди Рупо да се подготви за конфедерализација на Белгија и оти Фландрија нема да плаќа даноци од кои се финансира сиромашниот југ.

Ди Рупо во обраќањето до јавноста се обиде да ја минимализира победата нагласувајќи дека се работи за локални избори кои нема да ја променат националната политика.

- Владата моментно е фокусирана на планот за реформи, а локални избори и онака не очекуваат за две години, изјави Ди Рупо, франкофонски потомок на италијански емигранти кој лани едвај успеа да состави влада. Добриот резултат на Н-ВА на парламентарните избори во 2010 година и одбивањето на Де Вевер да влезе во влада со Валонците беа главна причина што Белгија 17 месеци немаше влада се додека Ди Рупо не успеа да добие поддршка од валонски и фламански социјалисти.

- Ова беа само локални избори, но не треба да се лажеме: триумфот на Н-ВА може опасно да ја дестабилизира државата, вели Беатрис Делво главен уредник во „Соар“ во денешниот уводник. Она од што сите се вознемирени е дека дополнително ќе зајакне таа партија до парламентарните избори во 2014 година по што ќе биде невозможно да се формира влада без исполнување на неговото барање за конфедерација. Делво додава дека тоа сценарио може да се спречи доколку социјалистите од двете лингвистички бариери добро размислат и со програма за сериозни реформи да му ја вратат надежта на народот за заедничка иднина.


Статијата е прочитана 1263 пати.

Испрати коментар



Грција не сака Брисел да се вмеша во спорот
ВМРО-ДПМНЕ молчи за Хасан Приштина
Опозицијата бара став од премиерот за „раната фаза“
Во Македонија сите се различно сиромашни
СДСМ против отпуштање без предупредување
(ФОТО) Двајца повредени во масовна тепачка пред „Мавровка“
Велија Рамковски наскоро пред Апелацискиот суд
Во август сме имале помалку туристи
Со ОНЕ може да зборувате по телефон и во авион
Скопјанец преживеал удар од воз
Само четворица од Македонија добиле азил во Шведска
Ослободителна пресуда за Ѓорѓи Тренковски
Визите ќе го уништат европскиот сон на Западниот Балкан
Молотов коктел запали две возила во Бутел
Kампања за помош на сиромашните и гладните
„Борис Трајковски“ доби акустика по светски стандарди
Николиќ - Ако го побараат Косово, не сакаме во ЕУ
Контејнерите ќе се заменат со нови пластични
Германски компании заинтересирани за инвестирање во енергетскиот сектор
Од идната година МЕПСО ќе отвори пазар на струја
Радован Караџиќ бара награда за мир
Куба ги укина излезните визи
Почнува ТЕХНОМА 2012
Бројот на гладни во светот на високо ниво
Хилари Клинтон презема одговорност за настаните во Бенгази
Изборите во САД може да завршат нерешено?
Локално невреме со пороен дожд и ветер
Пет години без Тоше
Собрани 60 илјади кубни метри отпад
Референдумот за независност на Шкотска стана реалност
Ахмети - Не сме разговарале за предвремени избори во март
Американците Рот и Шапли добитници на Нобеловата награда за економија
Протестираа вработените во ОХИС
(ФОТО) И театарот ги доби првите скулптури
(ФОТО) Македонија шефува со регионот
Промовирана платформа за енергетска ефикасност
Пет лица загинаа во „сомнителен“ пожар во Англија
Утре започнува саемот ТЕХНОМА
СДСМ - Грчкиот меморандум неприфатлив за Македонија
Само седум фирми имаат ХАЛАЛ сертификат
Жените земјоделки бараат учество во аграрната политика
ВМРО-ДПМНЕ го повлече законот за бранители
Санино - Визната либерализација важи ако не се злоупотребува
Црвенковски - Почетокот на преговорите ќе влијае позитивно на реформите
Беровчанец се обеси, Тетовчанка се застрела
Лавров - Не се нарушени руско-турските односи
Почина новинарот Хисен Шаќири
Одложена седницата на Комисијата за труд и социјала
Од денеска почнува грејната сезона
Баумгартнер - Почувствував голем притисок во главата
Почина поранешниот крал на Камбоџа Нородом Сиханук
Литванско „не“ за нова нуклеарка
Шкотска на чекор до референдум за независност
Покрај санкциите расте американскиот извоз во Иран
Опозиционерот Али Зејдан е новиот премиер на Либија
Коалицијата на Ѓукановиќ победи на изборите во Црна Гора
(ФОТО+ВИДЕО) Баумгартнер успешно скокна од работ на вселената!
Невладини организации го обвинија Ристовски за хомофобија
Груевски убеден во побе��а на локалните избори
Сарачини - ЕК генерално со позитивни оценки за економијата
Се засилуваат заканите за враќање на визите
Минималната плата да биде 15.000 денари



cairkov, 15.10.2012 13:08:51
toa e demokratija zatoa i nasite albanci barat sto poskoro vo eu i nato ce moze so glasanje (bez borba)da izlezat koga ce posakat.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Претежно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Среда
Сончево
Макс: 25°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Триумф на човековиот дух
Зоран Иванов, познат новинар, а порано падобрански ас, вели дека технологијата го овозможила скокот на Баумгартнер, но н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |