16.10.2012, 09:23 Локално невреме со пороен дожд и ветер
Под влијание на нестабилна воздушна маса од Медитеранот денеска во Македонија се очекува времето да биде нестабилно облачно со повремени врнежи од дожд.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер од над 70 километри на час, услови за град и електрични празнења.
Во случај на појава на елетрични празнења, се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. |