15.10.2012, 16:37 Собрани 60 илјади кубни метри отпад
Околу 60.000 кубни метри отпад, повеќе од 10 тони хартија и 20 тони ПЕТ-амбалажа биле собрани во акцијата „Македонија без отпад“, која беше реализирана минатата сабота низ целата држава. Како што рече заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, идејата за „чистење“ на Македонија од отпадот била доброприфатена од институциите, но и од бизнис-заедницата, па од идната година акцијата ќе се реализира два пати, во пролет и во есен.
Акцијата во која биле вклучени 54 општини со околу 55.000 волонтери се реализираше низ 438 различни настани, преку собирање отпад, стара хартија, ПЕТ-амбалажа, едукација...
Претседателот на асоцијацијата „Ајде, Македонија“, Антонио Јовановски, изрази надеж дека акцијата нема да трае само еден ден, туку, како што рече, секој ден ќе се справуваме со одговорноста за чиста животна средина.
Акцијата ја поддржа и медиумската групација „Медија принт Македонија“, која се вклучи во делот на собирање стара хартија.
|