15.10.2012, 16:11 Ахмети: Не сме разговарале за предвремени избори во март
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска изјави дека во владината коалиција не се разговарало за предвремени избори во март и оти тоа не би било добро за државата. Оцени дека во односите во владината коалиција „не е се мед и млеко“, но оти нејзиното функционирање се базира дијалог, дебата и компромис. Во врска со законот за бранители предложен од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ ќе ги искористи сите демократски механизми за да го спречи неговото донесување бидејќи тој, според Ахмети е селективен.
- Не сме разговарале за предвремени избори. Не би било добро за земјава да имаме предвремени избори или какви било политички акробации. Значајно е да има решенија за актуелните проблеми со кои се соочуваат сите, изјави Ахмети во Собранието на Република Македонија по средбата со Стефано Санино, генералниот директор на Генералниот директорат за проширување на ЕУ.
На средбата со Санино, Ахмети информирал за ставот на ДУИ за Предлог-законот за посебните права на бранителите и притоа посочил дека треба да има вакво решение, но тоа да не биде селективно.
- Големите работи во Македонија мора да се решат со консензус и со договор. Треба да има еднаков третман и само на тој начин ќе имаме успех. Таков закон би ги решил проблемите на сите страни кои беа вклучени во конфликтот во 2001 година, изјави Ахмети.
За тоа како ќе постапи пратеничката група на ДУИ кога законот за бранители во скратена постапка ќе биде на дневен ред, одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека ќе бидат искористени сите демократски механизми да се убеди јавноста дека селективните закони не се добри за земјата.
- Има начини на кои може да се дебатира и да се дискутира, за на крај решението да биде прифатливо за двете страни. Не можам хипотетички да зборувам. Зборувам за демократски механизми за нашето делување. Ако се респектираат тие механизми и не се суспендира демократијата во Македонија сигурно дека решението ќе биде за доброто на двете страни, вели лидерот на ДУИ.
Во разговорите со Санино, тој оценил дека Извештајот на ЕК за Македонија означува напредок при што треба да продолжи натамношниот прогрес, особено во меѓуетничките односи.
- Исто така останува наша задача да постигнеме напредок во добрососедските одоноси, посебно би ги нагласил односите со Грција и Бугарија. Огромен интерес на Република Македонија е да имаме добри односи со овие две земји и да има напредок, изјави Али Ахме
|
|
Статијата е прочитана 712 пати.
|
Испрати коментар
|
|
koco amsterdam, 15.10.2012 16:55:05 | Jas ne znam dali vie voopsto za nesto zboruvate vo taa vasa zbirka taka narecena vlada ili blada. Mozebi za tenderi ili si citate poemi, vo toa se istakna Taltak Djaferi, inaku voopsto ne primetuvam ama bas nikakva komunikacija pomegu vas dojdencite i patriotite. Mozebi oti nemam protokalovi naocari pa i jas matnata voda da ja gledam kako cista, ama bez naocari pravo da vi kazam e butur matna. |
| zagrizen, 15.10.2012 17:31:41 | A za podelba na Makedonija, ste razgovarale? Mislam ona sonuvanje San Stefanski dogovor i Prizrenska Liga ? Felco i Felcovci Vie sto ke kazete, razgovarano e ili ne ? Sudejki po bistite, spomenicite, himnite, ulicite, tablite vo selata vo Strusko...... *smrt na narodot, sloboda na fasizmot* glasi noviot slogan, a ?! Felco, te pozdravi Djemo - balistot, sto ti ja osloboduvase Makedonija od zloto,od komunjarite.Treba da mu stavite bista vo muzejot na zrtvite od komunizmot. Te osloboduvase od tie sto se izborija za drzava Makedonija, kade felcovci ucea na makedonski jazik, se krstevaa vo makedonski crkvi... |
| Mark, 15.10.2012 18:24:35 | Premierot na Severozapadna Makedonija Ahhmeti uspesno i iskreno gi brani interesite na svojot narod, konkretno za spomenatiot zakon! Toj navistina (i od negov aspekt opravdano) saka da im obezbedi ednakvi beneficii na svoite soborci..Za razlika od nego Premierot na Jugoistocna Makedonija Gruevski istiot zakon go koristi samo da nabie predizboren rejting, (da mu bese gajle za branitelite uste 2008 mozese da donese takov zakon), iako e svesen deka sega ne moze vo vakva forma da go isturka! Sepak i dvata Premiera odlicno sorabotuvaat vo omileniot im sport - ograbuvanje na sopstvenata zemja i narod!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Претежно облачно
|
Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 10°C
|
Среда
Сончево
Макс: 25°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (27)Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
Триумф на човековиот дух Зоран Иванов, познат новинар, а порано падобрански ас, вели дека технологијата го овозможила скокот на Баумгартнер, но н... | |
|