Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
15.10.2012, 15:43
Фетел во Ферари до 2014 година



Според Би-Би-Си, трансферот на лидерот во Формула 1 во италијанскиот тим ќе зависи од пласманот на Ферари во следната сезона

Ден по освојувањето на трката за Големата награда на Јужна Кореја во Формула 1, во јавноста одекна веста дека Себастијан Фетел размислува за напуштање на Ред бул и за преминување во тимот на Ферари. Според информацијата што ја објави Би-Би-Си, кој се повика на извори од таборот на италијанскиот тим, трансферот на двократниот светски шампион би можел да се случи во 2014 година. Дали Германецот и неговиот најголем конкурент во моментов, Фернандо Алонсо, кој заостанува шест бода на вкупниот поредок, ќе станат тимски колеги ќе зависи од пласманот на Ферари во следната сезона.

Иако за многумина оваа вест беше интересна токму поради ривалството меѓу Фетел и Алонсо, сепак, претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, веднаш го демантира доаѓањето на Фетел.

„Моето размислување и понатаму останува непроменето - не посакувам два петла во ист кокошарник. Тоа не ми се допаѓа, бидејќи може да доведе до нестабилност на тимот“, изјавил тој за италијанското Радио 1.

Единствената реакција од Ред Бул во врска со евентуалното заминување на нивниот возач во Ферари е неодамнешната на советникот Хелмут Марко, според кој неговиот тим не може да го спречи Фетел ако тој сака да си замине.





Статијата е прочитана 478 пати.

Испрати коментар



Победа за Металург и пораз за Вардар Про во Сеха лигата
Тепачки, хулиганство, насилство пред и по натпреварот со Србија
Камерон бара остри казни за Србија
Самба во Вроцлав
Швеѓаните од 0:4 до 4:4!
Јаневски - Големата желба и борбеност ни донесоа победа
(ФОТО) Ибраими ја донесе првата квалификациска победа
Работнички потпиша со Шарпер
Надал се враќа за Австралија опен
МВР - Мечот Македонија - Србија е од висок ризик
Фетел не размислува за Ферари
Ќе бидат повлечени тужбите против француските ракометари?
Јапонија реагира за нуклеарната шега
Победата над Србија императив
Реал Мадрид три месеци без Марсело
Михајловиќ - Македонија опасна и без Пандев
Димитров сениорски првак на Македонија
Протест од Златна зора до ФИБА за Македонија
Српски хулигани најавуваат тепачки пред натпреварот Македонија - Србија
Хет-трик на Металург во Лигата на шампионите
Торп се соочувал со убиствена депресија
Втор пораз на МЗТ Скопје во АБА лигата
Фетел триумфираше во Кореја
Вардар Про убедлив во ЕХФ Купот
(ФОТО) Наивен пораз на Македонија од Хрватска

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (28)
Јованка е загрижена: „Ќе ме растргнат по смртта на Тито“! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Во пет вечери, од 19 до 23 октомври, со полноќна програма, на Џез-фестивалот гостуваат значајни имиња од САД, Јужна Амер...
Глупоста и глупирањето станаа ценета форма на живеење
Инаетот ми е голем и нема лесно да им го отстапам местото на медиокритетите“, вели Кокан Димушевски, композитор, клавија...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |