15.10.2012, 14:40 Протест од Златна зора до ФИБА за Македонија
Грчката партија Златна зора побара од светската кошаркарска федерација ФИБА повеќе да не го користи името Македонија
„Со ова писмо ние силно протестираме за употребата на името Македонија од вашата федерација за земјата што се вика Скопје. Според историските докази што постојат повеќе од 3.000 години, Македонија е една и единствено грчка“, се вели во реакцијата од Златна зора.
Протестот од грчките неофашисти се поврзува со извлекувањето на групите за Европското првенство 2013 во Словенија, закажано за 18 ноември, на кое би сакале нивниот северен сосед да не се именува ни како БЈРМ, туку како Скопје. (М.К.)
|