22.10.2012, 12:58 Фантастичен пресврт на Рома против Џенова
Римјаните забележаа победа на синоќешното гостување кај Џенова со 4:2, иако по 15 минути игра имаа негатива од 0:2
Екипата на Рома оствари победа на синоќешното гостување кај Џенова со 4:2, иако по 15 минути игра имаше негатива од 0:2. Головите за домашната екипа на последниот натпревар од 8.коло во Серија А ги постигнаа Јурај Кучка и Бошко Јанковик.
Рома преку Франческо Тоти и Пабло Освалдо изедначи во првото полувреме, а во вториот дел постигна уште два гола. Освалдо вторпат погоди за водство од 3:2, а конечните 4:2 ги постави Ерик Ламела.
На останатите натпревари одиграни вчера: Каљари – Болоња 1:0, Аталанта – Сиена 2:1, Киево – Фиорентина 1:1, Интер – Катанија 2:0, Палермо – Торино 0:0, Парма – Сампдорија 2:1 и Удинезе – Пескара 1:0.
Во дерби дуелите одиграни во саботата победи остварија домашните екипи. Јувентус му го нанесе првиот пораз на Наполи совладувајќи го со 2:0, а Лацио беше подобар од Милан со 3:2.
Табела: Јувентус 22 бодови, Наполи 19, Лацио 18, Интер 18, Рома 14, Фиорентина 12, Катанија 11, Сампдорија 10 итн.
|