22.10.2012, 15:14 Изложба на Ирена Паскали во Виена
Викендов во Виена беше отворена заедничка изложба на македонската авторка Ирена Паскали и австриската сликарка Нора Бахел
Во галеријата „Basement Raum und/oder Ort“ во Виена викендов беше отворена заедничка изложба на македонската авторка Ирена Паскали и австриската сликарка Нора Бахел, информираше Амбасадата на Македонија во Австрија.
Изложени беа две видеоинсталации - „Еманација - Емпатија“ и „Надеж“, а покрај нив и неколку дела на уметничка фотографија.
- За уметничките карактеристики на делата говореше кураторката Едит Алмхофер. Организацијата на изложбата беше реализирана од Клаудија Мариа Лојних, а финансиски потпомогната од фондацијата КултурКонтакт. На отворањето присуствуваа голем број новинари, сликари и љубители на уметноста, соопшти Амбасадата во Виена.
Според амбасадорот Ѓорѓи Филипов, изложбата е пример за творечките капацитети на уметниците од Македонија и нивната подготвеност за интеграција и кооперација со европските автори. |