21.10.2012, 13:12 Во српското списание „Акт“ раскази на македонски автори
Станува збор за прозните текстови „Смислата“ на Томислав Османли, „Three Oxfordshire Gradens“ на Александар Прокопиев и кратките прози „Куќа“ и „Далтонист“ на Христо Петревски
Во најновиот, 50. број на списанието за литература, уметност и култура „Акт“, кое веќе дванаесет години се појавува во Валево, објавени се раскази на тројца македонски писатели. Станува збор за прозните текстови „Смислата“ на Томислав Османли, „Three Oxfordshire Gradens“ на Александар Прокопиев и кратките прози „Куќа“ и „Далтонист“ на Христо Петревски. Прилозите на нашите автори пр��следени со нивните куси биографии се дел од содржините на меѓународниот број на списанието во кое учествуваат автори на прозни, поетски и есеистички прилози од Канада, Гватемала, Полска, Финска, Словенија, САД, Англија, Хрватска, Бугарија, Холандија, Индија, Мексико, покрај домашните автори од Србија.
Инаку, јубилејниот број на списанието „Акт“ го отвора расказот „Погрешен воз“ од истакнатиот автор Давид Албахари. Како и овој, така и прозните прилози на Османли, Прокопиев и Петрески се објавени со одѕивот на нашите автори, а по личните покани кои од името на редакцијата до нив ги упатил основачот и главен и одговорен уредник на списанието, писателот и ликовен уметник Дејан Богоевиќ. (Т.И.) |