21.10.2012, 16:22 Јуве е осамен лидер
Горан Пандев и неговиот Наполи не најдоа решение за „Старата дама“, заминаа поразени со 2:0
Екипата на Јувентус остана осамена на врвот на табелата во Серија А, откако го совлада Наполи со 2:0 во дербито на непоразените во 8. коло од италијанската најсилна лига. Наполитанците го претрпеа првиот неуспех и тоа за две минути, во финишот на натпреварот. Резервистите Касерес и Погба ја креираа победата на Јувентус во 80. и во 82. минута и ја донесоа „старата дама“ до 22 бода на чело на табелата во Италија. На гостите на саботниот натпревар не им помогна ниту Горан Пандев кој помина 90 минути на теренот.
Вистсински срам можеше да го снајде Милан на патувањето кај Лацио, но „росонерите“ на крај однесоа „прифатлив“ пораз од 3:2. Римјаните водеа со 3:0 благодарение на головите на Ернанес, Кандрева и Клосе, но Де Јонг и Ел Шарави ја спасија честа на милан од целосно давење. Секој би претпоставил дека петтиот пораз на Масимо Алегри ќе ја отвори излезната порта на Сан Сиро за него, но раководството ја потврди поддршката за тренерот.
„Ова е тежок период, но мора да останеме смирени и да го пребродиме. Треба да се насочиме кон натпреварот со Малага в среда и да го оставиме ова во минатото“, изјави потпретседателот на клубот Адријано Галијани. Во првиот меч од неделната програма Каљари ја совлада Болоња со 1:0. |