18.10.2012, 13:32 Џон Тери нема да се жали на казната за расизмот
Фудбалерот на „Челзи“се откажува и од можноста да се жали против казната и наместо тоа јавно им се извини „на сите за јазикот што го има употребено“
Капитенот на лонднскиот фудбалски клуб „Челзи“ и поранешен репрезентативец, Џон Тери нема да се жали на казната што му ја изрече англиската фидбалска асоцијација (ФА), за расизам, иако претходно беше најавено дека ќе се бори да го исчисти својот углед од погрешните и неточни обвинувања.
Во денешното соопштение,Тери вели дека се откажува и од можноста да се жали против казната и наместо тоа јавно им се извини „на сите за јазикот што го има употребено“, при инцидентот што во октомври минатата година, го имаше со играчот на „Квинс Парк Ренџерс“, Антон Фердинанд, за време на првенствениот натпревар меѓу овие два клуба.
Минатиот месец, Тери беше казнет од истражната комисија на ФА со четири натпревари неиграње во Премиер лигата, како и со 220 илјади фунти, за користењето на „непристоен и расистички обоен речник“, при вербалната расправија меѓу него и Фердинанд, роден брат на фудбалерот на „Манчестер Јунајтед“, Рио Фердинанд.
Судот во Лондон, во почетокот на јули, го ослободи Тери од обвинувањето за „расистичко насилство“, пресудувајќи дека тој е невин во расправијата што ја имал со Антон Фердинанд. Неговите пријатели и поддржувачи во медиумите, како и неговиот многу попознат брат, кој водеше кампања преку Интернет против Тери и оние кои го бранат и поддржуваат, реагираа остро на ослободувањето на Тери, инсистирајќи дека тој е виновен и треба да биде казнет за „расистичкиот напад“.
Фудбалската асоцијација и покрај решението на судот, сепак, одлучи да му суди на Тери и по четиридневно сослушување, го прогласи за виновен.
Противниците на фудбалерот на „Челзи“ не се задоволни од оваа пресуда, а менаџерот на „Манчестер Јунајтед“ Алекс Фергусон изјави дека Тери „минал лесно“ и со мала казна „од само четори натрпевари неиграње“.
Случајот Тери ги надмина границите на фудбалски инцидент и се префрли во политиката, откако британскиот премиер Дејвид Камерон го осуди играчот на „Челзи“ за она што го рекол, тврдејќи дека е виновен уште пред донесувањето на судската одлука. Во знак на протест што ФА не ја почитува одлуката на судот во Лондон, Тери се повлече од репрезенатцијата на Англија. |