19.10.2012, 13:20 Британската влада врбува деца и хакери
Британската влада регрутира тинејџери-шпиони и хакери без универзитетска диплома во настојувањата со нови таленти да ги зајакне редовите на своите разузнавачки служби и да ги подготви за ерата на сајбер тероризм и војување.
Програмата ја најави британскиот министер за внатрешни работи, Вилијам Хејг во говорот што го одржа во паркот Блечли, имот во централна Англија, каде за време на Втората светска војна се проучуваа и разбиваа германските воени шифри. „Младите луѓе се клучот за нашиот иден успех, како што тоа беа и за време на војната“, изјави Хејг.
|