Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.10.2012, 14:45

(ФОТО) „Ми се закануваа дека ќе ми ги убијат децата“



Полицаецот Јаќим Трифуновски сведочеше дека расправијата не била поради паркинг, туку дека е жртва на планиран напад

Текст и фото: Киро Кипроски

Гостивар – „Жал ми е што се случи ваква трагедија.Се затворија три куќи.Покрај семејства на двајцата загинати,страда и мојата фамилија. Починатите да беа живи, вистината ќе излезеше на виделина. Не можам да дозволам да бидат обвинети двајцата починати за инсцинираниот инцидент. Едниот од нив не ме нападна, а вториот учествуваше во вториот напад. Не бев нападнат за паркинг плац, туку непознати лица, без повод и причина, почнаа расправија, ми се закануваа дека ќе ме ликвидираат мене и моето семејство“. Ваква го започна денеска своето сведочење гостиварскиот полицаец 40 -годишниот Јаќим Трифуновски,обвинет за двојното убиство, што се случи на 28 февруари на Бесник Шеапи и Имрам Мехмеди.

Тој тврди дека расправијата ја започнале неколку лица кои не ги познава. Потоа на спротивната страна од уличката се паркирало возило „бмв“, од кое излегол еден од семејството на Фидани. „Ми беше јасно дека расправијата беше инсцинирана бидејќи сум полицаеац, а не поради верска или национална нетрпеливост“, рече Трифуновски, кој два часа зборуваше за настанот.



Појаснувајќи зошто го споменува лицето Фидани, Трифуновски рече дека во центарот на Гостивар, негов брат бил избоден со нож и починал во гостиварската болница, а полицајци не интервенирале да го спречат убиството. Тој рече дека таа фамилија била вклучена во повеќе криминални активности, а тој по службена должност интервенирал во откривање и спречување на трговија со луѓе, шверц со дрога и слично. Поради тоа, често со неговите колеги добивале закани дека ќе бидат убиени.

Главниот претрес се одржа, откако два пати претходно беше одложуван стартот на процесот поради безбедносни причини. Трифуновски вчера во детали го опиша немилиот настан, за кој ниту сонувал дека такво нешто ќе му се случи пред здградата во која живее. Тој тврдеше дека не бил свесен дека ги застрелал момчињата, бидејќи „пукал од лежечка позиција и не гледал каде и во кого пука, оти врз него имало неколку лица“.



„Кобниот ден, со десет годишната ќерка, излеговме десеттина минути порано од вообичаенот. Кога стигнав на паркигот и со далечинскиот управувач да го отворам џипот, ми пријде непознато лице и ми рече: ’Уште еднаш возилото тука да не го паркираш’. Го погледанв и му реков во зградата живеам 35 години и дали моето возило пречи. Непознатиот ми се обрати со зборовите: Те знам полицаецу! Ја отворив задната врата зад возачкото седиште, го ставив ранецот на ќерка ми и истото лице, ја тресна вратата, кога се обидов малечката да ја ставам во возилото. Патот ми го попречи уште едно непознато лице, ме праша каде ќе одам, ја испружи раката и ја фати ќерка ми за ракавот на јакната и ја повлече. Му реков да го пушти девојчето, успеав да ја отргнам од него и и реков на Сара да влезе во возилото“, рече Трифуновски.

Тој додаде дека на спротивната старана со најлон кеси во рацете стоел Севдалија Идризи,кој прв физички го нападнал. Потоа го нападнале уште неколку непознати лица.

„Идризи се обиде да ми го откорне окото, едни ме држеа, други ме тепаа. Незнам како успеав со десната рака од појасот да го извадам службениот пиштолот и испукав еден предупредувачки куршум во воздух. Но, тие продолжија да ме тепаат, се обидуваа да ми го одземат пиш��олот, но цврсто го држев,бев совладан, ме оборија на снегот. Успеав да се ослободам и во лежечка положба испукав неколку куршуми незнам каде и во кого пукам“, вели полицаецот.

Кога станал, ја видел ќерка си залепена до стаклото во возилото. „Беше уплашена, плачеше и го гребеше стаклото. Во непосредна близина беа двајцата повредени. Успеав да влезам во џипот и низ гостиваските улици возев лудо, со вклучена сирена, се качував на тротоари, но внимавав да не повредам некого. Ме следеаљ со две возила, но некако успеав да им побегнам и да дојда во полициската станица. Го пријавив случајот и побарав семејството да ми го однесат на непозната локација, од безбедносни причини“, сведочеше Трифуновски.

Потоа, продолжи изведување на доказната постапка со сослушување на сведоците предложени од обвинителството.




Статијата е прочитана 7375 пати.

Испрати коментар



Македонската дијаспора ќе инвестира 15 милиони долари во Македонија
Игор Илиевски - Подготвен сум да се соочам со последиците
СДСМ - Спомениците од „Скопје 2014“ да ги чува само полицијата
Зафировски - Никогаш не било подобро да се инвестира во Македонија
Наместо помош од надвор, да се поттикнуваат сопствените бизниси
Македонските фирми имаат потенцијали
Мукаетов - Добра можност за градење мостови меѓу бизнисите тука и нашата дијаспора
Проговори заштитениот сведок за убиството кај Смилковци
Оставка на британскиот министер Ендрју Мичел поради навреда на полицаец
Еден загинат, а 12 повредени од возач на комби возило во Кардиф
Иванов очекува Македонија во декември да добие датум за преговори
Молотови коктели фрлени во студентскиот дом „Гоце Делчев“
Втор ден од Глобалниот инвестициски самит во Охрид
Рикер - Спорот за името не може да се реши со притисок на САД
Го сменил името, но не се спасил од убиство
Британски инженери произведоа нафта од „заробен“ воздух
Се гради тренинг-центар за туризам
(ФОТО) Крвав пир во Кумановско - го убил роднината, па си пресудил
Нови членови на Управниот одбор на Шпаркасе банка Македонија
Апелација ја отфрли жалбата на велешани
Наскоро пресуда за Американката со 256 ��онети
Ставрески - Нема да има криза на нафта
Ставрески - Потврдениот рејтинг предвесник за нови инвестиции
ОРМ - Со предложените измени не се намалуваат работничките права
Британската влада врбува деца и хакери
Бизнис дијаспората ќе отвори фонд за инвестирање во Македонија
Две убиства и едно самоубиство во Куманово
Клучното прашaње е како да се воспостави економски раст
Карл Билд - Визите ќе ги погодат обичните, чесни луѓе на Балканот
Бомба од половина тон ја испразни северна Будимпешта
„Златна зора“ трета по рејтинг во Грција
Спорот за името ги влошува внатрешните односи во Македонија
Кофи Анан - Македонија беше подготвена на решение, Грција не сакаше
Се централизира регулацијата на банкарскиот сектор во еврозоната
Над сто лица приведени по вчерашниот протест во Атина
Нови гафови и шеги во американските избори
Петре Наковски и Ејуп Адеми прогласени за кодоши
Романец се самозапали во Рим, откако останал без работа
Двојниот убиец од Гостивар почина во притворска ќелија
(ФОТО) „Кемет електроникс“ почна со работа во Бунарџик
Во сообраќајка загина 82-годишна жена
Адеми - ЕК забележа недоволно инвестиции во животната средина
Две жени жртви на сексуално малтретирање
Eвроинтеграциите гаранција за траен мир на Балканот
Владимир Георгиевски и Халил Зендели добитници на „23 Октомври“
Платен убиец избега од затвор
Штиглмаер - Воведувањето визи не е решение
(ФОТО) „Војводата на коњ“ и официјално Тодор Александров
Во Македонија прв меѓународен камп за мобилни апликации
И дел од бизнисот против отпуштање работници без најава
Се заострува реториката меѓу Обама и Ромни
Јапонската Влада ќе му подари машина за перење алишта на својот нобеловец
Двегодишно дете заболено од западнонилска треска
Регионална конференција за стогодишнината од Балканските војни во Истанбул
Пак генерален штрајк во Грција
Почнува Глобалниот инвестициски самит во Охрид
„Кемет електроникс“ ја отвора фабриката во Бунарџик
Скопјанец заработил 2,5 милиони евра, фармацевт со бруто-плата од 92 илјади евра
Студентка од Скопје скокна во смрт



ristev, 18.10.2012 17:06:30
da nes eodbranil so pistol ce zavrsel kako tie vo smiljkovci,samoodbrana,treba tie koi go napadnale da odgovarat i da im dojde pamet na napadjaci da ne ne napadajat bez potreba i zakon mora da se sproveduva,policaecot si ja vrsel rabotata i jas da sum na negovo mesto bi postapil isto.
Nekoj, 18.10.2012 17:15:31
Човекот е херој пред очите на неговата ќерка. Се надевам и пред народот. Без разлика од која националност се напаѓачите и ако ова е вистината ја има мојата подршка. и јас би постапил исто да е во прашање животот на сопственото дете. БРАВО ХЕРОЈУ
Suat, 18.10.2012 17:35:27
I jas sum Albanec i stvarno zalam za zrtvite, no ovoj covek e sosema nevin... Sekoj ke postapi isto na negovo mesto i ne treba da se sudat ovakvite slucai bez razlika na nacionalna ili verska pripadnost.
Canada, 18.10.2012 19:26:41
Sramno i ponizuvacko, A POSEBNO ZALOSNO ZA MALOTO DEVOJCE da bide svedok i zrtva zaradi sto makedonskata drzava i sistem se predava pred albanskite samovolija. Minuvajki niz Saraj i vo Matka,, kako turisti od Canada, BEVME SVEDOCI I ZAPRASANI DALI E OVA MAKEDONIJA ILI Albanija? A moze da zamislime vo Gostivar i zapadniot del kako makedonskiot narod zivee na svoja makedonska zemja pod albanska okupacija i cistka. OVA GO NEMA VO NITU EDNA DRUGA DRZAVA? SEKADE IMA ZAKON, KOJ VLADEE I SE SPROVEDUVA, SAMO NE I VO MAKEDONIJA
kamber, 18.10.2012 19:47:39
nee kriv trifunovski i jas da bev na mestoto negovo i jas istoto kego napravef.koga e vo prasanje familia covek se bi storil.
aleksandarmkd, 18.10.2012 20:32:21
Drzavat pod hitno da prevzeme.bezbednosni merke i da pocne borba protiv kriminalcite.Ne se raboti ovde za toa deka.makedonec ubil.albanec tuku policaec ubil kriminalci i nasilnici.zosto deneska.e jakim a utre ce bide jonuz.na.meta.Se dodeka.nema.borba so.kriminalot nema da.imame.drzava

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 7°C

Недела
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (30)
Јованка не се откажува од политичка кариера. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман ��ајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |