20.10.2012, 12:54 Мекејлеб најефикасен во победата на Фенербахче
Нашиот репрезентативец оствари учинок од 17 поени и пет асистенции во триумфот на Фенербахче на гостувањето кај Олимпија со 81:75
Кошаркарите на Фенербахче ја запишаа втората победа во најсилното европско клупско натпреварување, Евролигата.
Предводени од нашиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб кој постигна 17 поени и додаде пет асистенции, екипата од Истанбул славеше над Љубљанска Олимпија со 81-75.
Одлуката за победникот падна во последната четвртина, а до тој момент екипата од Словенија се држеше доста добро. Покрај нашиот репрезентативец, најефикасни на натпреварот беа Богдановиќ со 14, Батист и Онан со 13 поени, а во редовите на домаќинот најефикасни беа Бејнс со 14 поени и 12 скокови и Препелиќ со 13 поени.
Вистински дебакл доживеа шампионот Олимпијакос, кој загуби со 98:72 на гости кај Анадолу Ефес. Перо Антиќ за 15 минути постигна пет поени и имаше четири скока.
Владо Илиевски со Цедевита претрпе пораз во салата „Дражен Петровиќ“ во Загреб од Емпорио Армани со 71:83. Илиевски за 15 минута даде два поени и имаше една асистенција. Маркис Грин кој има македонски пасош постигна два коша и забележа пет асистенции и три украдени топки за 25 минути.
Резултати, 2. коло, Евролига
Унион Олимпија - Фенербахче 75:81
Химки - Реал Мадрид 86:85
Анадолу Ефес - Олимпијакос 98:72
Цедевита - Емпорио Армани 71:83
Каха Лаборал - Жалгирис 71:77
|