21.10.2012, 16:58 Хоризонт З. е новиот лидер
Во дербито на колото Вардар и Металург ги поделија бодовите и водечкото место му го препуштија на Хоризонт Здравје
ФО��О: Петр Стојановски
Новата дерби пресметка помеѓу Вардар и Металург што се одигра пред празни трибини во Арената „Филип Втори“ даде нов лидер на табелата во Првата фудбалска лига. Откако црвено-црните“ одиграа нерешено со „металурзите“ (1:1) своето водечко место му го препуштија на Хоризонт Здравје, кој што на домашен терен со 1:0 го доби мечот против Напредок, а стрелец на голот беше Блажевски во 76 минута.
Вардар не само што го загуби првото место на табелата, туку и практично се спаси од пораз, бидејќи почетното водство на дербито му припадна на Металург.
Гостинскиот фудбалер Далчески во 18 минута со удар од дваесетина метри погоди за водство на својот тим.
Резултатот беше израмнет на стартот на второто полувреме, во 48 минута Маневски , кој одбиената топка успеа да ја смести во мрежата на „металурзите“. Истиот фудбалер имаше шанса да стане јунак на мечот, двапати сам излезе пред гостинскиот голман, но не успеа да го совлада.
Во центарот на вниманието беше мечот помеѓу Дрита и Шкендија. По изненадувачкото водство од 2:0 на домаќинот, избраниците на Артим шекири со головите на Таипи и Баснарков (автогол) успеа да се спасат од голем срам.
Во останатите средби Работнички извлече реми на гостувањето кај Тетекс, Силекс го победи Пелистер со 2:0, а во саботата Ренова беше подобра од Брегалница 2:0. (М.К.) |