22.10.2012, 14:18 Бронза за Илиевски во Лондон
Илиевски отвори нова страница во боречките спортови во Македонија, откако го освои бронзениот медал на Лондон опен во бразилско џиу-џицу, на кој учествуваа 800 натпреварувачи
Марко Илиевски отвори нова страница во боречките спортови во Македонија, откако минатиот викенд го освои бронзениот медал на Лондон опен во бразилско џиу-џицу, на кој учествуваа 800 натпреварувачи. Илиевски, кој е дел од спортскиот клуб Карлос Маја, стана првиот Македонец што се закитил со медал на официјален натпревар во оваа боречка вештина.
По Европското првенство, Лондон опен е единствениот натпревар на стариот континент во о��ганизација на светската федерација ИБЈЈФ. За натпреварот тој се подготвуваше во Скопје, а потоа во Лондон заедно со тимот на Роџер Грејси, десеткратен шампион и најпознат борец во бразилско џиу-џицу.
Следна цел за Илиевски и за членовите на Карлос Маја е Европското првенство во Лисабон.
|