21.10.2012, 12:06 Трет пораз во низа за МЗТ Скопје
Македонскиот шампион синоќа ја продолжи серијата порази со третиот загубен натпревар по ред, откако загуби на гостувањето кај Сплит со 73:65
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по двете почетни победи во АБА лигата, синоќа ја продолжија серијата порази со третиот загубен натпревар по ред, откако загубија на гостувањето во Сплит од истоимената домашна екипа со 73:65.
Македонскиот шампион и на овој дуел имаше двоцифрен број загубени топки – вкупно 16, а имаше и 15 промашени слободни фрлања што според тренерот Александар Тодоров беше една од клучните причини за поразот.
Најефикасни играчи кај МЗТ Скопје беа Кејд Дејвис со 16 поени, Тодор Гечевски со 11 и Игор Мијајловиќ со 10.
На вториот вчерашен дуел Раднички го победи Шолнок со 97:72.
Во петокот Црвена Ѕвезда – Игокеа 75:76.
Денеска играат: Цибона – Задар, Широки – Крка и Будуќност – Партизан, а колото ќе биде заокружено в понеделник со натпреварот Унион Олимпија – Цедевита.
По некомплетното 5.коло табелата изгледа вака: Игокеа 10 бодови, Сплит 8, Цедевита 7, Партизан 7, Унион Олимпија 7, Крка 7, Раднички 7, МЗТ Скопје Аеродром 7, Будуќност 6, Црвена Ѕвезда 6, Шолнок 6, Цибона 5, Широки 5, Задар 5. |