22.10.2012, 09:43 Жито Прилеп продолжува во третото коло од КПК
Ракометарките на Жито Прилеп во двата натпревара одиграни во Прилеп постигна две победи против шведски Лундагард – со вкупни 53:35
Екипата на Жито Прилеп избори пласман во 3.коло од Купот на победниците на куповите за ракометарки, откако во двата натпревара одиграни во Прилеп постигна две победи против шведскиот тим Лундагард – со вкупни 53:35.
На синоќа одиграниот реванш натпревар прилепчанките победија со 22:20 (13:7). Најефикасна на натпреварот беше Ема Бернтсон со 9 голови, додека за македонскиот тим најмногу голови постигна Савица Мркиќ 7.
Во следното коло Жито Прилеп ќе игра против француската екипа Иси Париз, а македонскиот шампион ЖРК Металург во истата фаза од истиот куп ќе игра против полската екипа Лублин.
Термини за одигрување на натпреварите се: 10 или 11 ноември и 17 или 18 ноември (реванш). |