22.10.2012, 15:31 „Лос Анџелес тајмс“ е за Обама
Еден од највлијателните американски дневни весници „Лос Анџелес тајмс“ денеска го поддржа Барак Обама за вториот мандат во Белата куќа.
„Претседателот Барал Обама и служи добро на државата преку стабилно раководсто и заслужува втор мандат. Додека опонентите го напаѓаат дека е социјалист и муслимани, тој покажа зрелост, се покажа повеќе како прагматичен човек отколку како идеолог, поразумен отколку самоуверен“, се наведува во редакцискиот коментар на весникот.
„Лос Анџелес тајмс“ посочува дека политичкиот противник на Обама, републиканецот Мит Ромни јасно покажал дека е погрешен избор.
Весникот наведува дека ако Ромни стане претседател на САД, би се влошил состојбата во земјата бидејќи би трошел повеќе средствата за одбрана.
|