Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
22.10.2012, 12:35

Експерти од Норвешка ќе помагаат во спречување на загадувањето во Македонија



Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми денеска потпиша договор за заедничка соработка на проектот „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Македонија“ со норвешкиот Центар за експертиза „Норск Енерги“

Проектот, како што информира Адеми, ќе помогне во зајакнување на капацитетите на Министерството во делот на интегрираното спречување и контрола на загадување и забрзување на процесот на издавање дозволи за усогласување со оперативен план за компании од енергетскиот и металуршкиот сектор.

- Компаниите кои ќе бидат дел од проектот, од странски експерти ќе добијат директни совети во повеќе области со цел полесно да ги решаваат проблемите од областа на животната средина да ги подобрат еколошките перформанси во својата компанија и да обезбедат поголема заштита на животната средина, појасни Адеми.

Министерството, додаде тој, преку директна помош од експерти од „Норск Енерги“ ќе биде во можност многу подетално и сеопфатно да ги разгледа барањата на компаниите за добивање дозволи за усогласување со оперативен план и да го утврди најсоодветното решение за почитување на еколошките стандарди и законодавството.

Интегрираното спречување и контрола на загадувањето, според директорот на Инспекторатот за животна средина Филип Иванов, е сектор кој бара силни заложби за координација, инвестиции и големи одговорности кои истовремено се насочени кон обезбедување одржлив развој на земјата. Во рамки на новиот проект, посочи, предвидени се одредени измени во законската легислатива, а посебно важно е поедноставување на содржината на еколошките дозволи и пресметката на надоместоците за индустријата, со цел да станат потранспарентни за компаниите.

- Особено неопходна е обука на невладиниот сектор, која ќе обезбеди правилно следење и учество во процесот на издавање на интегрирани еколошки дозволи, со што ќе се обезбеди воспоставување блиска соработка меѓу владиниот и невладиниот сектор, рече Иванов.

Проектот „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Македонија“ претставува продолжување на претходниот проект во чии рамки беше обезбедена техничка помош за изготвување на четири дозволи за усогласување со оперативен план за копмании од енергетскиот и металуршкиот сектор.



Статијата е прочитана 349 пати.

Испрати коментар



Македонија ќе почне со преговори ако одобри Советот на ЕУ
Косово врие по средбата на Дачиќ и Тачи
Граната од Сирија погоди здравствен центар во Турција
Опозицијата се обедини во Сојуз за иднината
Бизнис климата се подобрува, но чекаат уште реформи
Старо-ново плато кај Педагошка академија
Романски бизнисмени заинтересирани да инвестираат во Кавадарци
Дорис Пак - ЕУ нема инструменти за враќање на визите
(ФОТО) Груевски - ВМРО е препознатлив код на македонскиот народ
Што ќе содржи српскиот предлог до Иванов
Момче почина туширајќи се во сопствената куќа
Возач усмрти пешак во скопски Бутел
Министерството за транспорт има нова адреса
Државната награда „23 Октомври“ врачена на Георгиевски и Зендели
(ФОТО) Отворена новата зграда на Министерството за надворешни работи
Жени фармери од Косово во посета на ФФРМ
Македонски хакери нападнаа албански владини сајтови
Ивановски на Конгресот за информатичка технологија во Монтреал
Грција до утре мора да постигне договор за мерките за штедење
Честитка од Вељаноски по повод Денот на револуционерната борба
Врачување на државната награда „23 Октомври“
Обама подобар во последниот ТВ-дуел
Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба
Груевски побара поддршка од Монти за датум за преговори
Бодигарди ќе обезбедуваат со оружје и дресирани кучиња
Владата ќе објави нов тендер за Чебрен и Галиште
По шест години, Рубинчо Заревски осуден на условна казна
Внимавајте наместо мед да не купите пченкарен сируп
„Лос Анџелес тајмс“ е за Обама
Тачи му испратил порака на Белград
(ФОТО) Две момчиња тешко повредени во сообраќајка кај Василево
Чингоски и Бошковски се повлекоа од ЕЛЕМ и МЕПСО
Повисоки цени за еуросупер 98 и дизелот
За 390 евра до Дубаи и назад
Месото мора да има декларација
Доживотен затвор за Џихад Џејн
Вториот човек на Ал Каеда на аудио снимка тврди дека е жив
„Купи куќа, купи стан“ и во ноември и декември
Рикер - Западниот Балкан на врвот на приоритетите на Обама
Борло формира нов политички блок во Франција
Од условни казни до 3 години затвор за „Метастаза“
Средба Груевски-Монти во Рим
Потпишан договор за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово
Премиерот Рахој победи во Галиција, сепаратистите славеа во Баскија
Тројца убиени при напад во спа центар во САД
Трета рунда меѓу Обама и Ромни
Навалица во продавниците со користена стока
Дијаспората преку фонд ќе инвестира во Македонија
СДСМ - Спомениците од „Скопје 2014“ да ги чува само полицијата
Зафировски - Никогаш не било подобро да се инвестира во Македонија



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Среда
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (33)
Првомајскиот ручек на Караѓорѓево. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кокан Димушевски: МРТ ја минира турнејата на „Леб и сол“ во Австралија
Клавијатуристот Кокан Димушевски не добил одобрение од МРТ, каде што е вработен, да замине на турнеја со групата...
Охрид со развоен план ќе го штити културното наследство
Во проект за интегриран пристап во управување со наследството се вклучени и Венеција, Вилавска Долина - Словенија, Крф, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |