20.10.2012, 18:16 Победи за водечката тројка во Премиер лигата
Челзи, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити славеа попладнево, иако во првиот дел беа во негатива
Лидерот на табелата Челзи, второпласираниот Манчестер Јунајтед и шампионот Манчестер Сити постигнаа победи во рамките на 8.коло од англиската Премиер лига. Сите три екипи во еден дел од натпреварот беа во негатива, а Манчестер Сити на гостувањето кај Вест Бромвич Албион од 23.минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Милнер.
Резултати на денешните седум натпревари: Тотенхем – Челзи 2:4, Фулам – Астон Вила 1:0, Ливерпул – Рединг 1:0, Манчестер Јунајтед – Ст��ук 4:2, Свонси – Виган 2:1, ВБА – Манчестер Сити 1:2, Вест Хем – Саутемптон 4:1.
Натпреварот Норвич – Арсенал ќе започне во 18 часот и 30 минути.
Утре играат: Сандерленд – Њукасл и Квинс Парк Ренџерс – Евертон.
Табела: Челзи 22 бодови, Манчестер Јунајтед 18, Манчестер Сити 18, Евертон 14 (натпревар помалку), Тотенхем 14, Вест Хем 14, ВБА 14 итн.
|