Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
21.10.2012, 13:29

(ФОТО) Одличен старт, но за селектирана публика

„Скопски џез-фестивал“ почна со авангарден американски џез, а продолжи со европска звучна разновидност

ФОТО: Киро Попов

Тина Иванова

„Скопски џез-фестивал“ е еден од ретките, ако не и единствен во земјава, кој се чини умее да замижи пред економската, но и пред духовната криза. Судејќи според програмата и на годинашново, 31. издание, како да не го допира овој фестивал општата апатија, меланхолија или, ако сакате, резигнираност, чувства што како вируси се шират меѓу институциите, ама и меѓу поединците. Кризата, во секој контекст, е добра за уметност, но велат, не и за култура. Но, тоа не се однесува на џезот кај нас. Па, иако некомерцијална, што е уште подобро да се одржи континуитетот на реномето градено три децении наназад, годишната програма е одлична и тоа укажува дека, сепак, некои традиционални вредности опстојуваат и на ова наше какофонично поднебје.

„Скопски џез-фестивал“ во своето 31. патување почна со авангарден американски џез, на изненадување на повеќемината присутни во преполната Македонска опера и балет во петочната вечер, со концертот на големото име - чикашкиот саксофонистот Ентони Брекстон. Тоа е и можеби елементарната врвка за која можеме да се фатиме и да му го дадеме на фестивалот епитетот „ненасилен“. Овој пат, за среќа, го немаше оној гламурозен, спектакуларен „црвен тепих“ вообичаен за отворање на македонските фестивали и премиери во последно време. Па, и покрај присуството на т.н. македонска елита, културна и политичка, „Скопски џез-фестивал“ за својот почеток понуди нешто невообичаено, нешто што не е за сите вкусови. И тоа е добро да се случи денес и овде за да ги задржиме и оние малку вистински естетски, културолошки репери што ни останаа.

А Ентони Брекстон, кој четири децении создава сопствен, уникатен музички јазик, свои автентични звучни графикони, под влијание на револуционерите во европската и американската музика, претставниците на музичкиот 20. век како што се Штокхаузен, Ксенакис, Кејџ или Ајвс, го даде токму тоа што го очекуваа познавачите на џезот и на современата музика. Инвентивните звуци на Брекстон ги задоволија гладните за нешто различно, а ги разочараа оние што сакаа да се забавуваат. Неговата музика бараше целосна концентрација и грижливо, посветено слушање. Па, тие што сакаа, слушаа.

Ова негово второ гостување во Скопје беше во формација на квартет заедно со помладите Тејлор Бјунум на труба, Ерика Дикер на виолина и Џејмс Феи на алт-саксофон, и претставуваше настан кој ретко се случува на нашиве простори. Иако некои од публиката потоа во кулоарите полемизираа дали е тоа џез или дали се наоѓаме на фестивал на современа класична музика, а имаше и такви од типот дека, конечно, треба да слушаме музика која ќе не ослободи од стегите на невремето што го живееме, а не комплексни звуци, но доаѓањето на ова име кај нас е ексклузивитет. Особено Ентони Брекстон, но и неговата придружба, се толку длабоко навлезени во музиката и како наука и, се разбира, како искуство во впивањето на нејзината стилска и жанровска широчина, што се одлучиле да ја „минимизираат“ и со неа да експериментираат и во изразна и во техничка смисла. Брекстон, кој се „грижеше“ и за електрониката, со неговата екипа воодушевија и како инструменталисти, но нивниот принцип на создавање музика, претежно врз база на алеаториката или на слободниот систем на творење кој никогаш во суштина не е слободен, туку е мошне дисциплиниран, е за почит.

Фестивалот вечерта продолжи во еден сосема поинаков музички дух, пожив, поенергичен, послушлив, подостапен за разновидната публика - концертот на гитаристот и диригентот од Данска, Пјер Дорг и неговиот деветчлен оркестар „Њу џангл“, на кој како гостин им се придружи реномираниот флејтист од Индија, Шашанк Субраманијам. Иако нивната музика е спој на повеќе влијанија и од џезот, но и од разновидните музички традиции и култури, како Африка и Азија, на пример, овој бенд, сепак, носи една своја препознатливост и индивидуалност. Некои од членовите, па и самиот Дорг, кој се покажа како одличен водач, ја забавуваа публиката и со хумористичните начини на свирење и движењата на сцената. Тоа своевидно шоуменство беше пресликано и во дел од музиката. Иако повеќе пленеа и поуверливи беа оние романтични теми како композицијата создадена во чест на еден нивен поранешен член, а која звучеше како симфонија со кларинетот во главната улога. Несомнено, сите ги покажаа и своите интерпретациски мајстории, а кога се појави Субраманијам со својата индиска флејта, концертот доби една нова, мантрична димензија.



Втората фестивалска вечер повторно ги собра вљубениците во музиката во Македонската опера и балет. Овој пат бевме сведоци на сосема поинаков звучен рецепт. На сцената го видовме, најпрвин, триото на бразилскиот виолинист Рикардо Херз со Педро Ито на удиралки и Миши Рузичка на седумжичана акустична гитара - интересен состав и пиради необичниот спој на инструментите. Музичарите од Бразил благодарение на „Скопски џез-фестивал“ имаат долга врска со нашиот град и публиката топло ја прима нивната музика. Така беше и овој пат. Виолината на Херз, како што и е најавено, навистина е „повеќезвучна“, а познатите бразилски форми така добиваат поинаква карактеристика. Очекувано, присутни беа и бразилските балади, компонирани од самиот Херз. Тој е лидер на составот и, секако, вниманието беше насочено претежно кон него, но неговата придружба, особено гитаристот, пленеа во вештината на свирење. Ова трио го промовираше својот најнов, четврти едноподруго албум под наслов „Aqui e o meu la“, и иако музиката не носеше новитети и немаше изненадувања, беше пријатна и создаде олабавена атмосфера.



Музика од Шпанија слушнавме во втората половина во оваа вечер, со уште едно трио - Карлес Бенавент на бас, Тино ди Џералдо на тапани и Хорхе Пардо на саксофон и флејта. Џезот овој пат, очекувано, се мешаше со ритмите на толку распространетото фламенко, но и со елементите на рок музиката. Овој состав, кој дејствувал најпрвин како секстет, со големо искуство зад себе и со соработки со влијателни џез-имиња, а сега функционира како трио кое во своето прво студиско комуницирање го издаде албумот „Sin Precedentes“, а кој го презентираше завчера и во Скопје, не ја донесе очекуваната свежина или разновидност.

„Ле Сахел“ го претстави шармот на Дакар

Музичарите Чеок Тидиан Тол, Идриса Диоп и Тиерно Коите по триесетина години ја преродија групата од Дакар, „Ле Сахел“. Мултиинструменталниот состав, кој во седумдесеттите и' даде ракурс и идентитет на сенегалската музика, во петокот направи полноќна свирка и пред домашниот аудиториум во „Сити хол-центар“, како дел од 31. издание на „Скопје џез-фестивал“.

Разбирање, нежност, добродетелство, почит кон различните, кон постарите... „Ле Сахел“ интерпретираат текстови низ јазикот на љубовта и ве движат во ритамот на афросалсата, со кубанска звучност и латино шарм. На посетителите инстантно им „нацртаа“ насмевки на лицата. Со енергијата и искреноста внесоа топлина на танцувачкиот простор. Африканскиот нонет нуди можност да пропатуваме низ сенегалската историја, по клупчињата, пазарите и уличките на Дакар, да вдишиме мирис од атлантското крајбрежје. Тол со оргулите, а потоа и гитарата интимно полеа од психоделијата од 1970-тите, Коите со саксофонот го предводеше дувачкиот инструментариум, а Диоп беше конекторот со публиката. Постојано пееше, зборуваше на сенегалски, англиски и шпански, удираше на кубанските тапани, делеше пораки, креваше раце, буквално ги тераше да мрдаат со колковите и оние најсрамежливите. И успеа! На моменти можеби звучеше и малку изморено, но интеракцијата со присутните не спласна низ едно и полчасовниот концерт. Чеок Мбаке „владееше“ со конгите, а басистот Усмане Дијав, пак, со традиционална африканска облека и насмевка „од уши до уши“, дефинитивно, беше фигура за паметење. Се впиваше во ритмистиката на симпатичната салса. Одлично се вклопи во веселиот, колоритен музички организам на „Ла Сахел“.

Позитивниот агенс се прошири и по планираниот бис. Всушност, бисот направи подлога за нова еуфорија, танц, рипање, за смеење, благосостојба. За убав моментум со групата која потсети зошто нејзиното јадро ги брануваше музичките ноќи во Дакар.

Синоќа „Сити хол центар“ беше домаќин на Ентони Џозеф и неговиот петчлен бенд „The Spasm“, а вечерва во истиот клуб како дел од „Скопје џез- фестивал“ свој полноќен концерт имаше и британскиот оркестар „Hidden“. (Б.Ш.)


Статијата е прочитана 451 пати.

Испрати коментар



Промовирана монографија за Музејот на македонската борба
Почина режисерот Владо Цветановски
Промоција на монографија за Музејот на македонската борба
Томаж Станко и „Мајлс Смајлс“ за затворање на Скопскиот џез-фестивал
Меѓународна изведба на дела од Дарија Андовска
Изложба на Ирена Паскали во Виена
(ФОТО) Џезот продолжува да пулсира
Хаџиманов и Благне ќе настапат на „Евергрин МК“
Познатиот гитарист Пет Мартино вечерва на „Скопски џез-фестивал“
Драган Даутовски настапи во Хангџоу во Кина
Трпчески свири заводливо, вели лондонската критика
Во српското списание „Акт“ раскази на македонски автори
Скопска премиера на мјузиклот „Декамерон“
Богат викенд на „Скопски џез-фестивал“
Изложба во Детски ликовен центар
(ФОТО) Љутикова го затвори првиот дел од „Модниот викенд“
Сe зголемува грижата за домашното музичко творештво
Се породи Сашка Димитровска, добредојде за Иан
Американски, дански и африкански звуци за старт на „Скопски џез-фестивал“
„Декамерон“ - мјузикл за убавината на животот
Почина Силвија Кристел позната по улогата во Емануела
Мистериозно исчезнување на првата дама на Северна Кореја
Лидија Димковска го промовира романот „Резервен живот“
„Црвено“ со Македонската филхармонија
Алесандра Амброзио во градник од 2,5 милиони долари
Викторија Бекам во куќата на Коко Шанел
„Адам“ од Говрлево спореден со „Мислителот“ на Роден
Џејми Оливер се жали од „масовни кражби“
(ФОТО) Пластичен свет со фолклор во вибрациите на Александра Митковска
Саат-кулата во Гостивар си го врати стариот лик
Порноактерка Сарли амбасадорка на културата на Аргентина
Ќе се жени скокачот од вселената
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Дуо Стефановски гостува во Софија
(ФОТО) Во Тајван отворен картонски ресторан
Романот „Татковите книги” на академик Старова објавен во Америка
Bеле Смилевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поемa
(ФОТО) Македонска невеста на сајтот на светски познатата дизајнерка Меги Сотеро
(ФОТО) Кој е Феликс Баумгартнер, човекот кој го восхити светот
„Адам од Говрлево“ во Цанкарјев дом
Почина фронтменот на КУД „Идиоти“
„Работниците умираат пеејќи“ гостува во Скопје
(ФОТО) Награда за животно дело за Кенго Кума
Молитвено чествување за Тоше Проески

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Среда
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (33)
Првомајскиот ручек на Караѓорѓево. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кокан Димушевски: МРТ ја минира турнејата на „Леб и сол“ во Австралија
Клавијатуристот Кокан Димушевски не добил одобрение од МРТ, каде што е вработен, да замине на турнеја со групата...
Охрид со развоен план ќе го штити културното наследство
Во проект за интегриран пристап во управување со наследството се вклучени и Венеција, Вилавска Долина - Словенија, Крф, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |