18.10.2012, 13:25 Почина Силвија Кристел позната по улогата во Емануела
Холандската актерка (60 години) боледуваше од рак, а беше хоспитализирана уште во јули годинава откако доживеала срцев удар.
Познатата холивудска актерка Силвија Кристел, позната по улогата во еротскиот филм Емануела почина на 60 годишна возраст. Холанѓанката Кристел која боледуваше од рак починала во сон, соопшти нејзиниот агент. Актерката боледувала од рак, а била хоспитализирана уште во јули годинава откако доживеала срцев удар.
Францускиот филм „Емануела” е снимен во 1974 година и беше еден од првите еротски филмови кои беа прикажувани во мејнстрим кино салите. Беа снимени бројни продолженија кои цели 11 години беа прикажувани во париското кино Arc de Triomphe.
|