20.10.2012, 12:21 Проговори заштитениот сведок за убиството кај Смилковци
Заштитниот сведок го давал својот исказ пред присутните во судницата на монитор, со изменет глас и заматен лик.
До доцна синоќа траеше испрашувањето на заштитениот сведок во случајот „Монструм“, што треба да биде пресудно дали ќе биде поднесено обвинение против осомничените за монструозното петкратното убиство кај езерото во Смилковци. Заштитниот сведок го давал својот исказ пред присутните во судницата на монитор, со изменет глас и заматен лик.
Се до следната недела додека трае истражната постака, неговата изјава не смее да се пренесе во јавност. Од истите причини, но и заради безбедноста на сведокот, не се открива неговиот идентитет.
Бранителите поставувале прашања, а сведокот комуницирал преку видеоврска. Идентитетот на сведокот не го знаат ниту адвокатите. Ако не се поднесе обвинение до крајот на месецов осомничените кои се во притвор би требало да се пуштат на слобода. Во притвор се Азири и Рами Сејди, и Каки Хаизи, а како директни осомничени за убиството се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во бегство.
|