Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
19.10.2012, 12:38
Клучното прашaње е како да се воспостави економски раст


Д-р Срѓан Керим беше еден од првите панелисти на Глобалниот инвестициски самит во Охрид

ОХРИД - Д-р Срѓан Керим, претседател на Управниот одбор на МПМ и претседавач со 62. Генерално собрание на ОН, беше еден од првите панелисти на Глобалниот инвестициски самит. Тој ги поддржа напорите на Македонија 2025 да се воспостави цврста врска меѓу дијаспората, економските политики и инвестициската стратегија на македонската Влада. Според д-р Керим, недостигот на инвестиции од страна на дијаспората во изминатите 20 години главно е последица на недостигот на доверба во економските услови и деловното опкружување во Македонија.

„И додека дознаките достигнаа 735 милиони американски долари во текот на првата половина на оваа година, странските директни инвестиции беа само 73 милиони долари“, изјави д-р Керим.

Тој смета дека еден од главните домашни приоритети е да се воспостават силни, стабилни и доверливи локални бизнис партнери, кои ќе работат на заеднички вложувања со странски инвеститори.

„Ако успееме да ја постигнеме оваа цел, тогаш јас сум убеден дека прогнозите за економскиот раст и развој на Македонија до 2025 година ќе бидат точни и позитивни“, нагласи д-р Керим.

На глобално ниво тој клучното прашање го лоцираше околу механизмите за воспоставување економски раст, а според него, тоа подразбира преземање на три главни чекори.

„Покрај контролирањето на дефицитите, земјите кои позајмуваат ќе мора да донесат убедливи структурни реформи. Ова особено значи дека ќе треба да се зголеми флексибилноста на пазарите на труд. Силните економии на северниот дел на Европа, особено Германија, мора на некое време да запрат со фокусирање на намалување на дефицитот и да генерираат повеќе трошење и инфлација. Поинаку кажано, да купуваат од прекумерно задолежените земји повеќе добра и услуги, отколку нивни долгови. Конечно, еврозоната треба да продолжи да работи на програма на поттици за целиот континент. Тоа значи дека Европската централна банка треба да го стимулира стопанството преку квантитативно олеснување, а европските земји треба здружено да издадат таканаречени проектни обврзници, насочени кон подигнување на трошењето во инфраструктурата“, порача д-р Керим.

Во неговото излагање на Глобалниот инвестициски самит, тој истакна дека е неблагодарно во време на криза да се даваат прогнози.

„Метеореолозите и економистите имаат нешто заедничко. И едните и другите постојано се занимаваат со прогнозирање. Резултатот и во обата случаја е истиот. Тие главно не успеваат во своите прогнози во полза на луѓето“, рече д-р Керим.

Цитирајќи го Фред Брегстен, пак, еден од највидните американски експерти, д-р Керим верува дека Европа ќе исплива од своето тековно превирање, не само со неповредено евро, туку и со посилни институции и далеку подобри економски изгледи за иднината. (С.М.)


Статијата е прочитана 785 пати.

Испрати коментар



Македонската дијаспора ќе инвестира 15 милиони долари во Македонија
Игор Илиевски - Подготвен сум да се соочам со последиците
СДСМ - Спомениците од „Скопје 2014“ да ги чува само полицијата
Зафировски - Никогаш не б��ло подобро да се инвестира во Македонија
Наместо помош од надвор, да се поттикнуваат сопствените бизниси
Македонските фирми имаат потенцијали
Мукаетов - Добра можност за градење мостови меѓу бизнисите тука и нашата дијаспора
Проговори заштитениот сведок за убиството кај Смилковци
Оставка на британскиот министер Ендрју Мичел поради навреда на полицаец
Еден загинат, а 12 повредени од возач на комби возило во Кардиф
Иванов очекува Македонија во декември да добие датум за преговори
Молотови коктели фрлени во студентскиот дом „Гоце Делчев“
Втор ден од Глобалниот инвестициски самит во Охрид
Рикер - Спорот за името не може да се реши со притисок на САД
Го сменил името, но не се спасил од убиство
Британски инженери произведоа нафта од „заробен“ воздух
Се гради тренинг-центар за туризам
(ФОТО) Крвав пир во Кумановско - го убил роднината, па си пресудил
Нови членови на Управниот одбор на Шпаркасе банка Македонија
Апелација ја отфрли жалбата на велешани
Наскоро пресуда за Американката со 256 монети
Ставрески - Нема да има криза на нафта
Ставрески - Потврдениот рејтинг предвесник за нови инвестиции
ОРМ - Со предложените измени не се намалуваат работничките права
Британската влада врбува деца и хакери
Бизнис дијаспората ќе отвори фонд за инвестирање во Македонија
Две убиства и едно самоубиство во Куманово
Карл Билд - Визите ќе ги погодат обичните, чесни луѓе на Балканот
Бомба од половина тон ја испразни северна Будимпешта
„Златна зора“ трета по рејтинг во Грција
Спорот за името ги влошува внатрешните односи во Македонија
Кофи Анан - Македонија беше подготвена на решение, Грција не сакаше
Се централизира регулацијата на банкарскиот сектор во еврозоната
Над сто лица приведени по вчерашниот протест во Атина
Нови гафови и шеги во американските избори
Петре Наковски и Ејуп Адеми прогласени за кодоши
Романец се самозапали во Рим, откако останал без работа
Двојниот убиец од Гостивар почина во притворска ќелија
(ФОТО) „Кемет електроникс“ почна со работа во Бунарџик
Во сообраќајка загина 82-годишна жена
Адеми - ЕК забележа недоволно инвестиции во животната средина
Две жени жртви на сексуално малтретирање
Eвроинтеграциите гаранција за траен мир на Балканот
(ФОТО) „Ми се закануваа дека ќе ми ги убијат децата“
Владимир Георгиевски и Халил Зендели добитници на „23 Октомври“
Платен убиец избега од затвор
Штиглмаер - Воведувањето визи не е решение
(ФОТО) „Војводата на коњ“ и официјално Тодор Александров
Во Македонија прв меѓународен камп за мобилни апликации
И дел од бизнисот против отпуштање работници без најава
Се заострува реториката меѓу Обама и Ромни
Јапонската Влада ќе му подари машина за перење алишта на својот нобеловец
Двегодишно дете заболено од западнонилска треска
Регионална конференција за стогодишнината од Балканските војни во Истанбул
Пак генерален штрајк во Грција
Почнува Глобалниот инвестициски самит во Охрид
„Кемет електроникс“ ја отвора фабриката во Бунарџик
Скопјанец заработил 2,5 милиони евра, фармацевт со бруто-плата од 92 илјади евра
Студентка од Скопје скокна во смрт



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 7°C

Недела
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (30)
Јованка не се откажува од политичка кариера. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |