19.10.2012, 09:36 Се централизира регулацијата на банкарскиот сектор во еврозоната
Лидерите на 27 членки на Европската унија постигнаа синоќа договор за воведување единствен регулатор за банкарскиот сектор во еврозоната во 2013 година, изјави портпаролот на ЕК, Оливие Бајли.
Тој нагласи дека е постигнат догоговор „за политичката рамка до крајот на 2012 и постепено имплементирање во 2013 година“.
Воведувањето на единствен регулатор за банкарскиот сектор во еврозоната е прв чекор кон одобрување новиот фонд Европскиот стабилизациски механизам, директно да им помага на банки со финансиски проблеми.
Предлогот воглавно го поддржуваат мнозинството од членките на еврозоната иако постоеја несогласувања за рокот за негово воведување. Договорот е како компромис меѓу Франција и Германија меѓу кои постоеше несогласување за тајмингот. |