18.10.2012, 14:33 Георгиевски и Зендели добитници на „23 Октомври“
Ликовниот уметник Владимир Георгиевски и писателот Халил Зендели се годинешните добитници на државната награда „23 Октомври”, највисокото признание што се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија. Наградата ќе биде доделена на 23 Октомври во 11 часот, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим. (К.Б.) |