Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
17.10.2012, 17:46

Скопјанец заработил 2,5 милиони евра, фармацевт со бруто-плата од 92 илјади е��ра

Најголем дел од парите - 2,3 милиони евра анонимниот граѓанин од Скопје ги остварил од повремено вршење услуги.

Втората највисока месечна бруто-плата е 70 илјади евра, а третата близу 49 илјади. Пензионер пријавил годишна заработувачка од 1,12 милиони евра

Нина Нинеска-Фиданоска



Дури 2,5 милиони евра минатата година заработил извесен скопјанец, што е највисок остварен вкупен годишен бруто-приход во земјава. Најголемиот дел, дури 2,3 милиони евра, овој човек го инкасирал од „повремено вршење услуги по претходно склучен договор“, што значи дека соработувал со одредена компанија или компании за кои вршел услуги, а не бил постојано вработен во нив, и за своето посредништво остварил прилично солидна заработувачка. Другите околу 200 илјади евра скопскиот „среќник“ ги заработил по други основи, можеби преку играње на Берза, а можеби преку издавање на својот стан или куќа.

Ова се единствените неколку детали што традиционално можат да се дознаат од Управата за јавни приходи, која вчера ги објави анализите на годишните даночни пријави што биле поднесени за 2011 година. Имиња и презимиња на граѓани што добро им оди вообичаено нема, ниту УЈП има намера да ги објави. Даночните власти објаснуваат дека личните податоци и висината на приходите се податоци кои согласно со законот имаат третман на „даночна тајна“. „УЈП во ниеден момент нема да излезе со лични податоци за граѓаните што оствариле највисоки приходи или имале највисоки плати. Ниедна даночна администрација во светот нема да ви обелодени кој колку приходи остварил и да ви каже како ги направил парите, бидејќи така ќе ви го даде рецептот како се збогатил. Ние не сме ’Форбс‘“, рече директорот на УЈП, Горан Трајковски.



Анализите на УЈП покажале дека скопјаните во 2011 година најдобро заработувале и десетте најголеми заработувачки биле остварени во главниот град. Покрај успешниот, чиј приход е 2,5 милиони евра или 156 милиони денари, уште тројца негови сограѓани лани пријавиле годишни приходи над 100 милиони денари.

Годишните пријави за лани покажале дека „повремено вршење услуги по претходно склучен договор“ и „дивидендите“ биле најдоходовни. Токму од вршењето услуги е највисокиот приход од околу 2,3 милиони евра. Трајковски вчера објасни дека станува збор за лица кои не се вработени во одредена компанија, туку за неа повремено вршат услуги. Вториот најголем приход од овој бизнис е 1,3 милиони евра. Не заостануваат многу ни приходите од „дивиденди и од учество во добивка“, при што лани највисок таков приход е 1,7 милиони евра и е остварен во Скопје.

Она што вообичаено многу ја интересира нацијата се највисоките плати за минатата година. Фармацевтскиот бизнис и понатаму има највисоки исплатени плати, па од десетте прворангирани највисоки годишни бруто-плати, дури три се остварени од трговија или производство на фармацевтски производи и препарати, вклучувајќи го и прворангираниот со заработени 68 милиони денари.

Ако се земе превид дека за една година „фармацевтот“ заработил 68,105 милиони денари, односно 1,107 милиони евра, и ако тоа се подели со 12, значи неговата месечна бруто-плата била 92,3 илјади евра или нето околу 60 илјади евра. И минатата година највисоката плата беше исплатена во фармацевтскиот бизнис. Втората највисока месечна бруто-плата е 70 илјади евра, а третата близу 49 илјади евра.

Покрај банкарскиот сектор и телекомуникациите, во кои и во изминатите години беа исплатени највисоките плати, лани прв пат се појавуваат и инженерството и месната индустрија. Највисокото „дополнително примање и надомест од работен однос“ изнесува 57,7 милиони денари годишно, односно 938 илјади евра. Се претпоставува дека овде влегуваат бонуси и други надоместоци.



Некои и од пензија можат убаво да живеат во државава. Пензионер од Скопје, заедно со својата пензија и приходи по други основи, пријавил годишна заработувачка од 68,6 милиони денари или 1,12 милиони евра.

Негов сограѓанин, пак, само од пензија пријавил 3.091.171 денари или 50 илјади евра, што е највисока годишна пензија. Тоа значи дека месечно овој пензионер земал пензија од добри 4.200 евра, што е мислена именка дури и за менаџерски плати. Според директорот на УЈП, оваа пензија е екстремно висока и во голема мера отскокнува од другите, бидејќи веќе следните на листата се меѓу 300 илјади и 600 илјади денари годишно.

Играњето на Берза веќе не носи пари како порано, покажуваат податоците од УЈП. Па така, ако во 2010 година највисоката пријавена капитална добивка, каде што влегуваат приходите од продажба на хартии од вредност, учество во капитал и недвижен имот била 140 милиони денари или 2,3 милиони евра, лани најголемиот приход од капитална добивка бил неколкукратно понизок и изнесувал 650 илјади евра.

УЈП објави и дека 55,8 милиони денари е годишниот приход на граѓанин од Тетово од имот и имотни права, а највисоките приходи од авторски права и индустриска сопственост бележат пад и биле 26 милиони денари.



Најголема среќа, пак, имал жител на Битола, кој освен највисок приход од игри на среќа и наградни игри во 2011, има и најголема пријавена добивка по овој основ досега и изнесува 21,3 милиони денари или 346 илјади евра.

ГДП покажаа дека не се за потценување приходите во Македонија кои се остваруваат надвор од платите и пензиите. Имено, лани 54.939 граѓани оствариле приходи иако не биле во работен однос, односно немаат плата, а не примале ниту пензија.

„Податоците што ги добиваме од ГДП веќе шест години едноподруго ни овозможуваат да извлечеме квалитетни заклучоци дека и покрај кризата во 2009 година, податоците покажаа дека иако е можеби минимален, но има пораст на платите во земјава и дека тие константно се исплатуваат, што значи дека има стабилен систем на плати. Тоа е и причината што има социјален мир и нема протести. Можеби сега протестираат вработените во ОХИС, но протестите не се честа појава“, рече Трајковски.

За 2011 година, македонските граѓани покажале повисока даночна култура од изминатите години. Тоа се потврдува и низ бројки, бидејќи биле поднесени дури 174.030 ГДП, наспроти 160 илјади за 2010, значи има пораст за 8,6 отсто. Пријавениот бруто-приход за лани е 78.387.371.309 денари, а пријавениот персонален данок 5.151.401.776 денари. УЈП има дополнително утврдено дека 33.868 граѓани имале обврска да поднесат ГДП, но тоа воопшто не го сториле и направиле прекршок, поради што се соочуваат со глоба од 500 до 1.000 евра.


Статијата е прочитана 1127 пати.


Испрати коментар



Ибраими и Хасани спортски херои
Киднапиран синот на амбасадорот Игор Илиевски
Македонски наркогрупи мирно „оперираат“ низ Европа
„Несаканите гости“ од Македонија европски проблем
Анкета - Опаѓа поддршката за „Скопје 2014“



Maja Canda, 18.10.2012 04:25:40
Navistina neverojatno!!! Vo edna toku siromasna drzava nekoj da zaraboti tolku mnogu! Takva razlika vo platite od najniskata do najvisokata plata nema nitu vo zapadnite zemji. Ne mi e samo jasno; zosto da ne se obelodeni imeto na taa licnost, Ako moze da se znae kolku zarabotil Obama i kolku danok platil na drzavata , zosto da ne se znae koja e taa licnost vo MK so najgolem zarabotuvacka vo 2011
Ајван Доктор®, 18.10.2012 12:21:44
Од преку 800 000 кои живеат во овој град,помалку од половината се скопјани!Она што ме зачудува во целата приказна е што во списокот никаде ги нема исплатите за налудничавите кичспоменици (2,7 милиони евра беше исплатата само за „воинот и коњот“)!Второто прашање е:каде се тука политичарите?Дали имаат и тие обврска за пријавување на добивките (бинго е да си пратеник во собрание,а да си министер во влада е џек-пот)!Колкави им се добивките?Кој воопшто проверува дали некои пари се чесно заработени,дали се сите пријавени?Во земја во која повеќето до вчера беа „од сиромашно потекло“,не е ли чудна бројката од 35 богаташи?Кој вели дека не сме Земја Чудесија!Една биографија посочува дека претседател на Брокерското здружение на Македонија,уште од 1998 е една личност од раководниот врв на државава!Врв на лицемерие (во услови кога самата влада им должи на фирмите за услугите и за ДДВ-то)е изјавата дека„платите константно се исплаќаат,а ОХИС и оние од железница се спорадични појави“!Трпи мој народе!
bb, 18.10.2012 13:07:48
denes,i utre nema da se znae koi se ovie bogatashi, no po izvesno vreme od usta na usta ke se doznae kako i za se shto se sluchuva no shto ako.............. problemot e kako moze tolkavi zarabotuvacki nasproti golemata siromashtija.Da sporedam samo kako se plateni lugjeto sto rabotat vo supermarketite...rabotat site denovi i praznici i nedeli saboti. vo sudir so mushterii a poveke od svoite gazdi so nikakvi primanja i za da ne im e mnogu im se tovari da plakjaat manjaci od popisite Dali ova nekoj go znae?????????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -3°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 9°C, Мин: -1°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Романците го возвраќаат ударот
Британци дојдете во Романија - „Половина од жените ни изгледаат како Кејт, другата половина како – сестра `и“...
Со „Атила“ стартуваат премиерите на Македонската опера
Годинава Операта ќе има четири премиери, од кои еден мјузикл, а ќе отпатува и во Индонезија...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |