Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
17.10.2012, 16:19

Телохранители ќе го чуваат „Александар Македонски“ за 120.000 евра

Општина Центар ја ангажираше агенцијата „МДН обезбедување“ за да ги обезбедува фонтаните и спомениците од „Скопје 2014“

Деспина Трајковска



Спомениците од „Скопје 2014“ ќе ги чува нова агенција, ангажман за кој општинарите од Центар ќе платат речиси 120.000 евра. Откако неодамна, како што тврдат од Општината, на „Лупус“ и' истече договорот, надлежните ангажираа друга фирма за заштита на спомениците. На тендер е избрана скопската агенција „МДН обезбедување“. Таа ќе има обврска во рок од две години да врши постојана контрола на спомениците, да ги спречува евентуалните неовластени дејства врз нив.

„Обезбедување во текот на 24 часа на фонтани и спомен-обележја кои се поставени и ќе бидат поставени во наредниот период, а се во сопственост на Општина Центар. Истовремено ќе имаат обврска за патролно и физичко обезбедување на имотот“, дообјаснуваат општинарите за обврската на ангажираната агенција.

Како што информираа пред речиси две години кога одлучија физичко обезбедување да се грижи за новоизградените споменици и фонтани, дел од „Скопје 2014“ ќе се обезбедува постојано 24 часа, а околу некои споменици ќе има повремени контроли.

Ако „МДН“ ги има истите обврски како и „Лупус“ до неодамна, тогаш двајца обезбедувачи постојано ќе треба да го надгледуваат споменикот и фонтаната на Александар Македонски, а истовремено и да патролираат на плоштадот. Лавовите, пак, на мостот „Гоце Делчев“ е предвидено да се под будно око на обезбедувањето кое ќе има обврска да врши 12 обиколки во текот на 24 часа. Физичко обезбедување ќе има и за спомениците во паркот „Жена-борец“ и за оние што ќе се постават на „Карпошово востание“. Дали обезбедувачите ќе бидат униформирани или, пак, во цивилка, од Центар ��екоа дека тоа ќе зависи од стратегијата на ангажираната агенција.

Инаку, главната цел за ангажирање агенција за обезбедување е да се заштитат милионски вредните споменици и фонтани кои се во сопственост на Општината. Засега, дали поради ангажираното обезбедување или од други причини, не се регистрирани оштетувања на зданијата од несовесни граѓани. Исклучок е делумното оштетување на скалите на фонтаната на Александар Македонски пред повеќе месеци, токму во периодот кога Општината одлучи да ангажира обезбедување и тендерот беше во тек.




Статијата е прочитана 3766 пати.

Испрати коментар



Почна изградба на мост во Општина Илинден
Нов обид за изградба на зграда на Општина Центар



demokrat, 18.10.2012 00:13:43
Kade otide Makedonija!?
Itar Pejo, 18.10.2012 00:39:39
A zosto sluzi policijata?
miki, 18.10.2012 07:39:54
Будали !!??? Си ставија трн во здрава нога.............60% од народот е против оваа будалија, а тие уште ќе ја чуваат..........
BG_SF, 18.10.2012 09:25:34
По 10 години ќе се смеете на овие споменици, бидејќи тоа не е национална меморија а погрешна политика во МК.
od mene, 18.10.2012 09:54:46
sram da vi je.....
mimoza, 18.10.2012 10:13:46
ovoj primitiven narod i struja da postavat vo spomenicite pak ke gi iskrsat a ne obezbeduvanje da stavat nemame osnovna kultura.
Dijaspora, 18.10.2012 10:44:53
Нели му е срам на Тодоровиќ? Арам да му е фотељата што ја држи. Со толкави пари годишно ке вработевте легална полиција да има, а не битанги да се шетаат и да изиграваат шерифи низ центар на Скопје. На Тодорович му секна работата со Тинекс и сега ке се занимава со рекет. Чива е таа агенција за обезбедување?
Александар, 18.10.2012 10:47:53
Прашањето е... Што ако и покрај овие 120.000 евра сепак настане штета? Кој ќе ја сноси одговорноста? Ако одговорот е никој, тогаш имаме логичен проблем со ангажманот. ... и повторно пример на социјална акција која повеќе не приближува до Грчкото актуелно сценарио.
od ostrijot, 18.10.2012 11:01:11
a nakoj minister e sekuriti firmata,
Ајван Доктор®, 18.10.2012 11:01:55
Па,ако „не се регистрирани некои оштетувања“освен она на мермерот од прскалката,направено од скејтборд,зошто тогаш се трошат додатни средства за нивно чување?!Тука некаде доаѓаме и до вистинската цена на налудничавиот кичерај!Огромни средства се одвојуваат (и ќе се одвојуваат)за нивно осветлување,за одржување,за фонтаните-прскалки се одвојуваат и додатни средства за вода,оној наци-кичот од Жена парк бара додатни средства за гас!А,тие,трошат ли,трошат!Светлата често се вклучени и дење!И,од кого ќе ги чуваат?!Од мене,што говорев дека најефикасно средство за нивно демонтирање е динамитот?!Се шегував!Од францускиот клуч ли?!И тоа е метонимија!Бидејќи се градени во име на народот,овој народ има и неприкосновено право да ги продаде во замена за храна!Нема бог знае што да ќари,освен,ако не и`порасне цената на бронзата на светскиот пазар!Сепак ќе може да ги впрегне оние кои го нагрдија градов со нив,гордо да ги демонтираат и да ги однесат до отпадот!
сузе, 18.10.2012 11:45:07
А каде се комуналните редари ?????
bb, 18.10.2012 12:44:43
beshe evtino postavuvanjeto pa sega da se dobiberi , da se napolni ushte nekoj so pari
Чувар, 18.10.2012 13:31:08
Нормално е да ги чуваат! Од народот! 62 % од населението не може да ги смисли!Тие се сакани само од 23% од народот- од неписмените дијаспорци , кои ги виделе само во 3Д-димензија на Интернет , како и неписмените партиски војници од Скопје и провинција и се рабира фелчовците (УСА , Мудрец , Девичанец слични „ чинквеченто“ паразити).
Neseriozna rabota, 18.10.2012 14:19:21
Jas sum za Latas Sekuriti! Naime, toj se javno faleshe deka ke mu go smeni lichniot opis na Frchko, a Frchko so negoviot francuski kljuch e najgolemata opasnost po spomenicite. Plus, so ziv zjid ke mu pomagaat ostanatite patrioti, pred se onie od antiprotestite. Ma kakvo obezbeduvanje, def tamu! Ili shto bi rekol Erol, daj ne zajebavaj!
makplus, 18.10.2012 16:05:41
do glupaviot skopjanec szo ja vrega dijasporata. siguren sum deka im pripagas .na site nacii samo ne na nasata-makedonska.
cobe, 18.10.2012 16:27:12
Тешко на таа држава што подига споменици кои потоа ги чува со стража, а не со љубов и симпатии кон нив........... нешто тука мириса на сулфурводород, свесни се дека со сила љубов не бидува........
citatel, 18.10.2012 17:04:01
Na radio odi reklama da gi isklucuvame mobilnite od struja da ne trosime dzabe, a na zgradata za arheoloski muzej cel den site reflektori gorat. koj znae kolku struja trosat.
zagrizen, 18.10.2012 17:31:56
A kade se Felco i felcovisti so komentarite ? Koga ne gi citam niv me faka maka. Tuku Felco da ne se uplasi od Baba ti Evda sto te iskara?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (30)
Јованка не се откажува од политичка кариера. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |