Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
17.10.2012, 16:20

Нов обид за изградба на зграда на Општина Центар

Нов обид за продажба на државно градежно земјиште наменето за изградба на административна зграда на Општина Центар. Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на земјиштето на кое се наоѓаат сегашните бараки на Општината.

Најповолниот понудувач ќе треба на свој трошок да го изгради објектот со намена „локална самоуправа“, а по изградбата, без надомест да и' го предаде во владение на Општина Центар.

Според одлуката на Советот на Општина Центар и одлуката на Советот на Град Скопје, најповолниот понудувач ќе биде ослободен од плаќање надоместок за комуналии за изградба на објектот. Половина од објектот, поточно 51 процент ќе биде наменет за потребите на локалната самоуправа, а 49 за комерцијални и деловни намени.

Почетната цена на електронското јавно наддавање ќе биде 2.800 денари за квадратен метар, а право на учество имаат сите физички и правни лица кои ги исполнуваат условите од објавата. Заинтересираните треба да достават пријави за учество во наддавањето најдоцна до 19 ноември, а лицитацијата ќе се одржи една недела подоцна, на 26 ноември.

Како што информираше на вчерашната прес-конференција портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Драган Симоновски, распишана е и објава за отуѓување градежно земјиште наменето за изградба на комерцијално-деловен објект во Реонскиот центар Аеродром со вкупна површина од 4.259 квадрати.

Дел од објектот треба да служи како административна зграда на Општина Аеродром. Пријавите за учество на ова јавно наддавање треба да се достават најдоцна до 1 ноември. (С.Р.)


Статијата е прочитана 289 пати.

Испрати коментар



Почна изградба на мост во Општина Илинден
Телохранители ќе го чуваат „Александар Македонски“ за 120.000 евра



Ајван Доктор®, 18.10.2012 11:44:11
Ако добро разбрав,владата ќе отуѓува државно земјиште,ќе го направи приватна ��опственост,а по градбата,имотот повторно ќе прејде во владение на Општина Центар?!?!Потоа,дел од објектот да биде административна зграда,а останатиот дел трговски центар!? Да погодам од три пати чија фирма ќе стане носител на титулата „најповолен понудувач“?Некој фЛизер,вајар,или водоводџија!?Не?Утнав?Нема да е близок до власта!?Ах,да,заборавив дека сè е чесно при ваквите малверзации!И потоа некои зли јазици раскажуваат дека кај нас владеела инсенијата и криминалот!?Ма,нема врска!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 6°C

Вторник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (32)
Aмбициите се уриваат - Јованка добива место во Црвен крст. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Французите имигрираат во Белгија
За младите Французи Белгија е треторангирана дестинација по привлечност во Европа и петта во светот...
Науката на диригентството - Фон Карајан беше во право
Оркестрите навистина можат да го користат цврстото диригенство...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |