Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
15.07.2012, 18:52

Работен викенд на СДСМ во Богданци

Седмиот по ред викенд од „Работното лето“, членовите на раководството на СДСМ го поминаа во Богданци, Валандово и Дојран. На средбите со локалните жители, како најургентни биле посочени инфраструктурните проблеми во селата и проблемите на земјоделците и на младите.

„Ни порачаа на нас, пратениците, да им се обратиме на колегите од мнозинството, како и на Владата, дека субвенциите не им се потребни, туку дека им е потребен откуп и пласман на производите. Младите бараат вработувања, седат или се иселуваат, иако се високообразовани кадри. Бараат, преку вложувања во инфраструктурни објекти, да се изградат капацитети кои ќе овозможат вработувања, за луѓето да останат во своите родни места“, рече Ана Павловска-Данева, потпретседателка на СДСМ.

Социјалдемократите ја посетија и парцелата на која пред пет месеци претставници на Владата и локалната власт поставија камен-темелник на откупно-дистрибутивен центар кој треба да го градат инвеститори од Дубаи и од Германија, а на која се' уште нема никакви градежни активност. За потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, ова е уште еден доказ дека политиката на актуелната власт се темели само на промовирање, без конкретни резултати.

„Овде сме да покажеме на кој начин функционира политиката на ВМРО- ДПМНЕ, чија единствена потреба е да се сликаат, да се промовираат, да се рекламираат, без да имаат реална подлога за тоа“, рече Заев. Најголемата опозициска партија го промовираше Зоран Прочков како кандидат за градоначалник на Богданци на следните локални избори.

Пред опозицискиот митинг што синоќа требаше да се одржи во оваа општина, премиерот Никола Груевски изјави дека лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, треба да им објасни на жителите на Богданци, Валандово и Дојран зошто во негово време немало проекти во овој регион, зошто ги потценувал земјоделците и издвојувал само пет милиони евра за субвенци�� за нив. Според Груевски, за Црвенковски ќе биде голем проблем да им објасни зошто во негово време не се чистеле каналите, па често се случувале поплави. (С.Т.)


Статијата е прочитана 637 пати.

Испрати коментар



Георгиевски не се откажува од Тодор Александров
Утеха за сиромашните
САД ги поздравија напорите на Македонија во борбата против трговијата со луѓе
Владата ќе исплати 5,5 милиони евра за развој на селата
Македонија повторно ќе извезува автобуси
Доаѓа Бан Ки-мун
Збогум за „Топлификација“, добредојде за „Енергетика“
Судир на два титани на локалните избори



ФЕЛИКС, 16.07.2012 06:48:55
Интересно-посакувани барања на верувам дел од жителите,,не сакаме субвенции за земјоделието,туку откуп и сигурен пласман на производите,,Дел од барателите рекле ,,многу бевме задоволни кога бевте на власт,тогаш немаше ни откуп,ни пласман а никако субвенции,времињата беа за прикажување и долго сеќавање,,.Плус се искажа задоволство и од двата градоначалника своевремено,кои беа предложени и избрани од редовите на митингашите.И двајцата ептен ги исполнија сопствените намери околу кофинансирањето на сопствените џепови а на голема несреќа на оние кој ги избраа.Дури и се имаше судски решеткаст епилог од кофинансирањето.Ова вероватно нема да се објасни на митингот оти сепак никој не сака да прета по историјата зарем не.Треба да се свртиме кон иднината ,,шчо било-било,сега сме поинакви,,А некој злобник ќе додаде можеби ,,ја како да не,,.
Трпе, 16.07.2012 12:08:21
Груевски треба на богданчани да им објасни кој го уништи најголемото транспортно претпријатие МЛАЗ Богданци.Претпријатие од кое лебот го вадеа голем број богданчани и од околните општини.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Четврток
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 9 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Олимпискиот факел од утре во Лондон
Факелот утре со хеликоптер ќе биде спуштен со јаже до „Тауер Бриџ“...
Штрајк на таксистите во Лондон
Таксистите го блокираа сообраќајот поради забраната за користење на т.н. олимписки патеки...
Венлок маскота на Игрите во Лондон
Американски и австралиски олимпијци се „загубиле“ во Лондон
Северна Кореја очекува медал
Добредојде за првите олимпијци

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |