Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
17.07.2012, 17:46

Колку ќе биде безбеден скопскиот Менхетн

Експертите тврдат дека земјиштето во Аеродром е несоодветно за толку високи објекти

Бојан Шашевски

На само ден по стартот на изградбата на четирите највисоки згради во државава започнаа и дискусиите со економска, естетска и политичка димензија, а се огласуваат и градежници, сеизмолози и инженери. Исто како и многупати досега, дел од нив посочуваат дека Општина Аеродром се наоѓа на прилично небезбедна и непогодна почва за толку високи објекти, па, евентуален земјотрес би можел да предизвика големи градежни оштетувања. Нагласуваат дека првите безбедносни апели биле упатени уште неколку години по катастрофалниот земјотрес. Со студијата на професорот во пензија на Градежниот факултет, Апостол Поцески, „Ефектот на почвата од скопскиот земјотрес во 1963 година“ се испитувало составот на земјата во градот и нејзиното влијание на градбите. Се покажало дека целата скопска котлина лежи на чакал, кој некаде е прилично плиток.

Дека таквите разлики во длабочината можат да бидат непријатни при земјотреси потсетува и професорот на Архитектонскиот факултет во пензија, Лилјана Атанасова-Коцева, која е и доктор по земјотресно инженерство.

„Уште во времето на моите студии во шеесеттите години се вршеа бројни анализи и геомеханички испитувања на територијата на Аеродром, по што се констатираше дека општината има најлоша почва во Скопје. Од сеизмичка гледна точка, навистина мора да се води сметка колку ката ќе бидат под земја и да се имаат на увид повеќе градежни фактори“, смета Атанасова-Коцева. Според неа, апсолутно не е хумано живеењето во високи згради. „Додека бев во Токио во 1968 година, на островот Хоншу се случи силен земјотрес, чиј епицентар беше 150 километри северно од главниот јапонски град. Во тој момент бевме само на 8 кат од една стоковна куќа, но таа целата се лулаше и трепере��е. Значи, високите објекти под дејство на ветер постојано ќе чувствуваат товар и вибрации. Хоризонталните сили произведуваат едно непријатно, нехумано чувство во згради над 20 ката. Административните објекти се друга работа, но, во многу високи згради ќе може да го чувствуваме секој земјотрес што ќе се случи во Македонија, во нејзината околина, па и подалеку“, објаснува некогашната професорка на Архитектонскиот факултет. Вели дека ако земјотресниот епицентар е подалеку, тогаш амплитудата е повисока и малите згради ништо не чувствуваат, но затоа има страшни и непријатни влијанија врз повисоките објекти.

„Се сомневам дека Турците ќе ја изградат зградата со 42 ката. Не знам колку е тоа возможно. Треба да се има на ум дека за толкав објект 2-3 ката, треба да бидат под земја. Се надевам дека веќе правеле елаборат, разни испитувања и консултирале повеќе домашни архитекти и инженери“, вели таа, додавајќи дека не е спорно дали ќе се градат зградите, но, предупредува дека ако е слабо земјиштето, тогаш нивната реализација ќе биде далеку поскапа и проблематична. Ја споменува и близината на реката Вардар. Статиката, според неа, треба да биде приспособена за носивоста и мора да се води сметка за почвата и сеизмичките сили.

„Доколку веќе не се, мислам дека и наши експерти треба да се вклучат во проектот. Може да се изведе толку високо, но, навистина мора да се има предвид дека носивоста на земјиштето во Аеродром е послаба од други места“, констатира Атанасова-Коцева.

Професорот кој ја правеше постземјотресната студија за градската почва, пак, уште претходно предупреди дека скопската е испресечена со многу раседи, но меѓу најстрашните е оној што минува токму низ централното подрачје. Освен Градскиот ѕид, Универзална сала, Стара железничка станица, Железарница и Кисела Вода, во критичниот сеизмички појас, каде што земјениот чакал и денеска тоне, ги смести и Аеродром и Ново Лисиче.

„Таму не треба да се градат објекти повисоки од осум ката. Детално се знае каква е почвата низ Скопје и не мора да се прават нови испитувања. Затоа во сите нови урбанистички решенија мора да се земат предвид. Стручната јавност знае за испитувањата и за студијата, но намерно ги премолчува бидејќи веројатноста да се случи некоја нова катастрофа во скоро време е мала. Но, ова што се прави со градбите во Скопје е злосторство кон идните генерации“, изјави претходно пензионираниот професор Апостол Поцески, сметајќи дека е бесмислица во Скопје да се градат толку високи згради, почвата не може да издржи такво нешто, а друг проблем е што поради составот на земјиштето, станарите на овие згради многу посилно ќе ги чувствуваат и поддалечните земјотреси.


Статијата е прочитана 4241 пати.

Испрати коментар



Граѓаните ќе ја подобруваат работата на градските служби
Повеќенаменска сала на местото на „стадионче“ во Ново Лисиче



Aleksandar, 18.07.2012 02:37:56
Ne mi e jasno kako moze napamet da se zbori,narocno eksperti od partijska pozicija. Ako vo Iran i Turcija moze da ima visoki zgradi,a I samite znaete deka toa se najtrusni podracja na koji I tie eksperti imaat vrseno ispituvanja vo ex yu,a da ne zborime za zgradi I hoteli na voda so pesocni nanosi I t.n. Da bese ziv na zenami tatkoi ke se iznasmese na ova. Na expertite imeto Jane Jancevski bi trebalo da im znaci nesto,mozebi na mnogute im bil I profesor.
kris, 18.07.2012 07:07:53
Кој прашува ѕа беѕбедност..........поважни се рекламите, сечење на ленти и битката ѕа гласови............. а што ке се случи при ѕемјотрес?????? Па нека му ја мислат тие од 40 кат............ Сепак голема срека што не се стокатници...............
do Aleksandar, 18.07.2012 08:59:03
Velis ke se iznasmeel tvojot dedo koj ti go priznavas za strucnjak a drugite gi negiras da te potsetam vo bliskoto minato od takvi strucnjaci kako tvojot dedo i onie vo turcija se sluci od eden zemjotres da se srusi cela naselba vo Turcija a zgradite bea izgradeni i vseleni samo nekolku godini,a za Iran da ne zborime nedaj boze da se strese.
Goran Atanasovski (Gorcho), 18.07.2012 09:31:04
До експертите: нека изгрдат 42 ката... па нека се пофалат... е после јас само ќе се смеам ако се сруши или накриви барем една од зградите, исто како и потпорните ѕидини на Водно. Незнам на кому само ќе му се 42 катници во Скопје... да се всели пола Македонија во Скопје и другите градови да замрат. А со истите пари можат барем по некоја фабрика да направат во Каменица, Демир Хисар, Дебар, Ресен, Пехчево. градови кои изумираат.
skopjanec, 18.07.2012 10:41:49
Skopsko /Makedonija / i se e mozno.Pa samo pred desetina dena pukna potporniot zid pod bivsiot hotel panorama pa nikomu nisto.Koj gi esapi strucnjacite i specijalisti za gradeznisto i seizmologija,Vprocem vo ogromnite zdanija vo naselbata Aerodrom nema da ziveat nitu prektantite,nitu investitorite a uste pomalku clenovi na vladata,sprema toa po tugj grb i sto stapa ne se mnogu.Samo ne zaboravajte deka vo Skopje imase zemjotres so silina od 9 stepeni sprema merkalievata skala od 12.!!!
Aerodrom, 18.07.2012 10:58:45
Sigurno Aerodrom e mnogu pobezbedno nego vo Japonija kade sekoj den se trese... a tamu gradbite se najmalku dva pati pogolemi od ovie
Discovery Channel, 18.07.2012 12:17:35
Vo Dubai napravija zgrada visoka 1600 m, vo aerodrom oblakoderite ke bidat visoki 140 m, sto e poveke od 10 pati pomala visina, dodeka pak vo Dubai e 10 pati po seizmicki aktivno podracje ?!?! Postoi cela nauka za fundiranje i za nosivost na pocvata, neka pobaraat na google vasite experti Geotechnical Engineering ke im bide pojasno. Inaku cakalot e eden od najdobrite materijali za fundiranje.
Mene, 18.07.2012 14:53:19
A ako ima pozar? Ima informacii do koja visina mozat da gasat nasite pozarnikari so nivnata oprema?
toni, 18.07.2012 15:43:48
ме интересира...дали има бар еден заинтересиран кој би живеел на 42ри спрат во аеродром?
Vodno, 18.07.2012 16:18:36
Koga investitorot ke prodade eden stan nad 15 kat da javi. Koj budala ke kupi stan ??? Misli li nekoj na pozar,ne daj Boze, koj ke go gasne, odrzuvanje,???Ne e ova Njujork, pogolema budalastina(a golema konkurencija) nema.
Aleksandar, 18.07.2012 16:36:59
A be ne treskaj,proveri vo geoloski ili na google.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно облачно

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 5 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |