Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
07.06.2012, 13:53
Нова демократија пак го обвини македонскиот државен врв



Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, својот став за реакцијата од Неа демократија го искажа во Мостар. Сакаме само да потсетиме на неодамнешната изјава на претседателот Иванов дека ги очекуваме на масата за разговори, оние кои ќе формираат Влада, кога и да е тоа, што поскоро, тоа подобро”.

Ова е одговорот на државниот советник за надворешна политика на претседателот Иванов, Дарко Костадиновски, на последните обвинувања од одговорниот за надворешна политика на Нова демократија Панос Панајотопулос упатени кон македонскиот државен врв.

Претседателот Иванов прашан за коментар за обвинувањата од Неа Демократија дека тој и премиерот Груевски го дестабилизираат регионот, на 10. УНЕСКО Самит што се одржа изминатиот викенд во Мостар, изјави: „Ако станува збор за изјава на лидер на партија кој заедно со Слободан Милошевиќ пред 20 години црташе нови граници на картите на Балканот, тогаш немам коментар“.

Панос Панајотопулос во последната изјава објавена на веб страницата на Нова демократија за, како што пишува „провокативните изјави на власта во Скопје“ наведува: - „Новите изјави на премиерот Никола Груевски во Скопје и на претседателот на државата Ѓорге Иванов, што се однесуваат на грчко-скопските односи, покажуваат дека режимот останува на линија на бескомпромисност и национализам за проблемот со името. За жал, власта во Скопје не научи ништо, ниту од неуспехот на нивните напори за последниот смит на НАТО во Чикаго, ниту од исходот од претходниот Самит во Букурешт.

Поради тоа, тие ја сносат целата одговорност за ќорсокакот во кој се наоѓа проблемот со името меѓу двете земји, со оглед на тоа што Грција го заврши својот дел и ги презеде сите потребни чекори за да се дојде до трајно и заемно прифатливо решение“, стои во изјавата на Панајотопулос, одговорниот за надворешна политика во партијата Нова демократија на Андонис Самарас.













Статијата е прочитана 697 пати.

Испрати коментар



Еврогрупата ќе и помогне на Шпанија со сто милијарди евра
Жозеп Дол - Да не се блокира Македонија само поради името
Високи температури со ниво на предупредување од прв степен
Груевски - Посетата на Скандинавија помина успешно
Средношколците полагаат државна матура
Борисов - „Не снимајте хитлеровски филмови за нас“
„Бихаќска“ стана „Павел Шатев“
Столтенберг - Македонија треба да биде членка на НАТО
Новинарите на протест в понеделник
Владата и општините ќе овозможат 4000 нови вработувања
Делата на СДСМ се транзицијата и криминалната приватизација
Од банка во Капиштец украдени 7.000 евра
Анан - Целиот регион ќе експлодира
Судски спор решавале со метална шипка
Бетонска плоча падна врз двајца работници во Охрид
(ФОТО) Илинска планина ги остави без сон демирхисарци
За Балканот патот кон ЕУ ќе биде потежок
Утрово повторно почувствувани земјотреси во Македонија
Дански компании заинтересирани за бизнис во Македонија
Се урна ѕид на тетовското Кале стар 200 години
Хорор на автопатот Скопје-Атина
(ОБНОВЕНО) Сега Кипар ќе не турка во ЕУ
(ФОТО) „Не забораваме!“ - граѓаните потсетија на Мартин Нешкоски
(ВИДЕО) Член на Златна зора „делеше“ шлаканици во емисија во живо
(ФОТО) Двокатен автобус удри во зграда на ул. „Даме Груев“
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



dedo dimo, 07.06.2012 15:48:18
Navistina ovie Grcite se BEZOBRAZNI .Em od Makedonija tie baraat da go smeni imeto a ne obratno i pak ne napagaat.Prashanje e dali tie znaat shto pravat ilise izbezumeni od KRIZATA.
evro-makedonec, 07.06.2012 16:37:09
Grcite se vo pravo, si gi branat interesite. Tie ke ne priznaea so Brankovata drzavna tajna. Ovcarot gi naluti so negovata nova anticka istorija i ne zakopa. Se dodeka se na vlast antickite divjaci, nema nisto da se sluci. Evropa ne tretira kako ultra-nacionalisti.
Nikola-Germanija, 07.06.2012 20:03:28
Jas sum za Nova Makedonija za sevkupna upotreba (erga omnes). Takvo resenie e od istoriski pricini najsoodvetno i najprakticno resenie. Volkot sit, ovcite na broj. Tocka.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |