Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
07.06.2012, 15:11
(ОБНОВЕНО) Сега Кипар ќе не турка во ЕУ



Македонската делегација ја протна и хашката пресуда во заклучоците на Мешовитиот комитет Македонија-ЕУ

Датум за преговори на Македонија со ЕУ до крајот на годината, т.е. за време на кипарското претседателство, враќање на придавката „македонски“ и почитување на македонскиот идентитет, култура и јазик - се барањата на Мешовитиот комитет на македонскиот и европскиот парламент, од состанокот што го одржаа денеска во Брисел.

Расправата што ја водеше претседавачот, германскииот европратеник Јоргос Шацимаркакис, на моменти била бурна, но немало резерва околу ставот дека треба да се забрза евроинтегративниот процес на Македонија, за да се спречи можниот евроскептицизам поради тоа што три години по ред земјата добива препораки за преговори, но не и датум.

Во однос на спорот за името помина и амандманот на Антонио Милошоски, со кој се поздравува пресудата на Меѓународниот суд за правдата од Хаг во однос на Времената спогодба, со оценка дека таа претставува обврска за Грција да не го попречува членството во НАТО и почетокот на преговорите во ЕУ.

Шацимаркакис, запрашан дали ќе има ефект од оваа препорака, одговорил дека за првпат европарламентарците се толку конкретни и со утврден рок, за време на идното претседателство, кое започнува наскоро. „Сега треба да се сочека и да се види што кипарската влада и претседателство ќе направи со оваа препорака“, изјавил тој.Јасната препорака за преговори според него е поради напорите кои ги прави земјата, чија влада и општество се толку многу посветени на европските интеграции и имаат големо очекување од истите, што ќе биде фрустирачки да не се видат резултати.„Ова е јасен сигнал до Советот да се започне со преговорите“, порача тој.

„Да ви кажам одговорно, ако некоја земја сака прашањето за името да биде решено - тоа е Грција! Решението на проблемот ќе придонесе за деблокирање на многу регионални стратегии од големо значење за Грција. Грција е прва која сака да се најде решение за овој проблем и како доказ го приложувам ставот на нашата земја. Нашиот Мешовит парламентарен комитет треба да дискутира за европерспективите на вашата земја, но ние не можеме да го решаваме проблемот со името. Ниту една земја-членка на ЕУ не сака Македонија да остане надвор од ЕУ. Принципот на добрососедски односи е клучен за европското семејство“ - бил ставот на грчкиот европратеник Јоргос Кумуцакос.

На состанокот присуствуваше и Директорката на директоратот за проширување при Европската комисија, Александра Кас-Грање, која порача дека е потребно да продолжи исполнувањето на политичките критериуми за отворање на пристапните преговори. „Европската комисија ја повикува Македонија да продолжи со реформите, а тоа го овозможува и високиот дијалог за реформи во клучните области, како слобода на медиумите, владеење на правото и слично“, изјави Кас-Грање.Според неа, еврокомесарот за проширување Штефан Филе е посветен на Македонија и дека стои зад високиот пристапен дијалог, кон што е посветен и македонскиот премиер Никола Груевски. (Н.Р.)








Статијата е прочитана 2981 пати.

Испрати коментар



Еврогрупата ќе и помогне на Шпанија со сто милијарди евра
Жозеп Дол - Да не се блокира Македонија само поради името
Високи температури со ниво на предупредување од прв степен
Груевски - Посетата на Скандинавија помина успешно
Средношкол��ите полагаат државна матура
Борисов - „Не снимајте хитлеровски филмови за нас“
„Бихаќска“ стана „Павел Шатев“
Столтенберг - Македонија треба да биде членка на НАТО
Новинарите на протест в понеделник
Владата и општините ќе овозможат 4000 нови вработувања
Делата на СДСМ се транзицијата и криминалната приватизација
Од банка во Капиштец украдени 7.000 евра
Анан - Целиот регион ќе експлодира
Судски спор решавале со метална шипка
Бетонска плоча падна врз двајца работници во Охрид
(ФОТО) Илинска планина ги остави без сон демирхисарци
За Балканот патот кон ЕУ ќе биде потежок
Утрово повторно почувствувани земјотреси во Македонија
Дански компании заинтересирани за бизнис во Македонија
Се урна ѕид на тетовското Кале стар 200 години
Хорор на автопатот Скопје-Атина
Нова демократија пак го обвини македонскиот државен врв
(ФОТО) „Не забораваме!“ - граѓаните потсетија на Мартин Нешкоски
(ВИДЕО) Член на Златна зора „делеше“ шлаканици во емисија во живо
(ФОТО) Двокатен автобус удри во зграда на ул. „Даме Груев“
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



Silvester, Sidnej, 07.06.2012 23:57:29
Hahahaha...Ta koj e na red sega? Koj ne nema isturkano? .....tragikomedija sme.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |