Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
07.06.2012, 22:00
Дански компании заинтересирани за бизнис во Македонија



Премиерот Груевски денеска престојува во Данска, каде се презентираат можностите за инвестирање

Тоа е прва посета на македонски премиер на Данска. За време на посетата претседателот на Владата се сретна со данската премиерка Хелен Шмит и со претседателот на Парламентот Могенс Ликетофт, а имаше средби и со раководството на Стопанската комора на Данска и со најголемата данска енергетска компанија. Вечерва пред околу 60-тина дански компании ќе ги претстави можностите за правење бизнис во Македонија и услови коишто ги нуди државава.

- Во Данска главно сме дојдени за бизнис презентација, меѓутоа правиме и политички средби. Пред малку се сретнав со премиерката на Данска, а исто така се сретнав и со претседателот на Парламентот. Утрово имав средба со раководството на Стопанската комора и престојував во практично најголемата данска енергетска компанија. Се запознавме со нејзиното работење, но и тие се запознаа со можностите за инвестирање во енергетиката во Македонија, изјави Груевски по средбата со премиерката Шмит.

Со премиерот на Данска, нагласи, разговарале за македонските аспирации за вклучување во НАТО и ЕУ, но и за проблемите со кои се соочуваме со соседот Грција, која го блокира нашето членство со една уцена да се смени нашето име и тие да ни одредат ново име на нашата држава, на нашиот јазик и на нашата националност.

- Разговаравме за сите детали поврзани со минатото за проблемот со името и за потребата од поголема ангажираност на меѓународната заедница во решавањето на ова прашање, бидејќи Грција не чувствува никаков притисок и ако вака продлжат бесконечно ќе го пролонгираат решавањето на проблемот. Потребен е поголем ангажман од страна на меѓународната заедница зашто се работи за непринципиелно делување од страна на една нивна земја членка и за кршење на меѓународното право и барање солидарност од другите за нешто што не е принципиелно и што не е во духот на вредностите коишто ги делат земјите членки на НАТО и земјите членки на ЕУ, истакна премиерот Груевски.

На политичките разговори, рече, информирале за подобрите можности за правење бизнис во Република Македонија како потенцијална бизнис дестинација. Тоа уште повеќе го нагласивме на средбата со раководстовто на Стопанската комора.

- Околу 60 дански компании имаат пројавено интерес и сакаат да чујат повеќе за Македонија. Ние сме тука на бизнис форумот за да им ги објасниме сите можности за правење бизниси, да ги поканиме да дојдат во Македонија да ги разгледаат одблиску можностите за правење бизнис, да се сретнат со други компании домашни и странски и некои од нив да донеса�� одлука за инвестирање во Македонија, нагласи премиерот Груевски пред почетокот на бизнис форумот.





Статијата е прочитана 515 пати.

Испрати коментар



Еврогрупата ќе и помогне на Шпанија со сто милијарди евра
Жозеп Дол - Да не се блокира Македонија само поради името
Високи температури со ниво на предупредување од прв степен
Груевски - Посетата на Скандинавија помина успешно
Средношколците полагаат државна матура
Борисов - „Не снимајте хитлеровски филмови за нас“
„Бихаќска“ стана „Павел Шатев“
Столтенберг - Македонија треба да биде членка на НАТО
Новинарите на протест в понеделник
Владата и општините ќе овозможат 4000 нови вработувања
Делата на СДСМ се транзицијата и криминалната приватизација
Од банка во Капиштец украдени 7.000 евра
Анан - Целиот регион ќе експлодира
Судски спор решавале со метална шипка
Бетонска плоча падна врз двајца работници во Охрид
(ФОТО) Илинска планина ги остави без сон демирхисарци
За Балканот патот кон ЕУ ќе биде потежок
Утрово повторно почувствувани земјотреси во Македонија
Се урна ѕид на тетовското Кале стар 200 години
Хорор на автопатот Скопје-Атина
(ОБНОВЕНО) Сега Кипар ќе не турка во ЕУ
Нова демократија пак го обвини македонскиот државен врв
(ФОТО) „Не забораваме!“ - граѓаните потсетија на Мартин Нешкоски
(ВИДЕО) Член на Златна зора „делеше“ шлаканици во емисија во живо
(ФОТО) Двокатен автобус удри во зграда на ул. „Даме Груев“
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



ZOKI, 07.06.2012 23:06:02
krajno vreme e premierot da se pribere vo drzavata dosta pravese trosoci po svetot ,povece pari potrosi otkolku sto investicii donese i dosta da ne zalazuva deka ima zainteresirani invenstitori ...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често м��слам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |