07.06.2012, 15:35 Хорор на автопатот Скопје-Атина
Еден загинат и неколкумина повредени е билансот од трите сообраќајни несреќи кои се случија кај Демир Капија
Ангел Данов
Кавадарци - Еден загинат и неколкумина повредени е билансот од трите сообраќајни несреќи кои се случија денеска на автопатот Скопје-Атина. За само пет часа, на потегот Неготино-Демир Капија се случија две сообраќајки. Семејство од Нови Сад, Србија кое тргнало на одмор во Грција, заврши во болница со повреди, откако со „пасат“ удрија во камион. Во автомобилот има две малолетни деца. Рано изутрината на патот Демир Капија – Смоквица, кај тунелите животот го загуби кавадарчанецот Горан Митров(49). Малку потоа се случи уште една несреќа кај Валандово, кад имаше верижен судир на камиони и два автомобили. Додека траеше увидот на местото на несреќите, сообраќајот беше стопиран, поради што се создадоа гужби и колони во должина од пет километри.
Првата несреќа се случи изутрината околу 9 часот на делницата Демир Капија – Смоквица. Кавадарчанецот Горан Митров се движел кон Гевгелија. Настрадал кога со возилото „опел астра“ се судрил со камион со регистарски ознаки од Унгарија. Возачот на камионот поминал без повреди. Увид на лице место извршија јавен обвинител,истаржен судија и екипа на крим техника кои работеа на утврдување на причините за несреќата.
Во втората сообраќајка која се случи два часа подоцна на истиот пат, во близна на ТЕЦ Неготино , семејство од Нови Сад кое патувало на одмор во Грција со својот автомобил „фолцваген пасат“ излетало од патот и удрило во задниот дел од камион со гостиварски регистарски таблички. Едно лице се здоби со тешки телесни повреди и е префрлено во скопските клиники, а додека тројцата патници во автомобилот се полесни повреди се хоспитализирани во кавадаречката болница.
Третата незгода се случи на истиот патен правец во близина на Валандово. Дошло до верижен судир на два камиони и два автомобили, но за среќа приченета е само материјална штета.
Патниците кои чекаа да заврши увидот по сообраќајките коментираа дека се вози премногу брзо, а и не се почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така според патниците, причините до честите сообраќајни несреќи на овој патен правец се немањето две коловозни ленти за движење.
На овој патен правец се загубија многу животи, настрадаа цели семејства. И според полициската статистика, брзото возење и непочитувањето на правилата и прописите во сообраќајот се главни причини за големите трагедии.
|
|
Статијата е прочитана 7316 пати.
|
Испрати коментар
|
|
satanco, 07.06.2012 15:45:21 | prv pat slusam za ovoj avtopat. da ne e aleksandro grujo makeodnski grcki. more malomozocen novinar` |
| ministerstvo za transport, 07.06.2012 16:11:05 | Objavete na internet mapa na makeodnaki patista so rizicni tocki za site sto vozat da znaat i da bidat ekstra pretpazlivi na tie tocki. Kolku li milioni ne kostaaat ovie sobrakajki vo zivoti vo zdrastvo itn mora da napravite poveke.. pasivnost na rabota vo mk ne e dozvolena ako neznaete kako vie togas zaminete si od rabota nekoj drug sto znae ke ve zameni nema plafi veke za djabolebari. |
| Радмила, 07.06.2012 16:27:52 | Автопатот „Александар Македонски“. Големо име, како пат со една лента и ограничувања до 40 км на час. Колку ли животи треб�� да се изгубат пред да се направи овој пат. |
| Наташа, 07.06.2012 16:57:29 | Хахаахаааа автопат Скопје-Атина, новинаров не е нормален. Читам патот немал 2 ленти, па не ни требаат, камењата ги потрошивме на споменици и нема за патишта а гинат луѓе, сами се виновни не почитуваат правила. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 20°C
Ведро
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 17°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
|