08.06.2012, 13:17 Судски спор решавале со метална шипка
Поради меѓусебен судски спор, во текот на вчерашниот ден 68-годишниот Е.А. физички го нападнал сограѓанинот, 68-годишниот Ј.Г.
Немилиот настан се случил на улицата „Павлина Велјанова“ во Кочани. Е.А. со метална шипка го нападнал Ј.Г. и му нанел тешка телесна повреда во пределот на главата.
На Ј.Г. му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Кочани, извршен е увид на местото на настанот, а Полициската станица од Кочани против Е.А. по документирање на случајот ќе поднесе соодветна пријава.
|