10.06.2012, 18:14 Елена Ристеска се омажи за Бојан Ивановски
Елена облечена во фустан како во бајка, без исклучок, гламурозна, а Бојан во елегантен црн костум со бела кошула и пеперутка-вратоврска
Откако на 4 јуни 2012 година пред матичар му кажа „да - за во добро и зло“, македонската поп-ѕвезда Елена Ристеска и нејзиниот избраник Бојан Ивановски во петокот, на 8 јуни, својата радост ја споделија со блиските на свадбена веселба. Свадбата се случи во хотелот „Александар палас“ и, според фотографиите, свадбеното сценарио се одвивало во комбинација на традицијата и младешките желби на младоженците. Елена облечена во фустан како во бајка, без исклучок, гламурозна, а Бојан во елегантен црн костум со бела кошула и пеперутка-вратоврска, изгледаат токму како за на врвот од неколкукатната свадбена торта. Забавата, секако, ја збогатиле и колешките на Елена од естрадата, Каролина Гочева и Тамара Тодевска, но и невестата не им „останала должна“ со свој музички дел зад микрофонот. Нека им е среќно и вековито на Елена и на Бојан!
|